Рубрика: Астрономија и астронаутика
Ќе ја имаме ли десетатта планета или, сепак, не?
Автор: Мартин Стојановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Новооткриениот објект во Куиперовиот појас, 2003 UB313, е првото тело откриено по Нептун (во 1846 година) што има дијаметар поголем од тој на Плутон. Поради немањето конкретна дефиниција што е планета, се отвори прашањето дали ова тело да биде прифатено како планета или не?

Ледениот карпест свет, кој минатата година беше пронајден како орбитира околу Сонцето, на растојание од 97 АЕ, и официјално е потврдено дека е поголем од Плутон. Новите опсервации на објектот, означен како 2003 UB313 покажаа дека има дијаметар од 3000 km, а тоа значи дека е околу 700 km поголем од Плутон. Ова ново откритие повторно ја отвори дилемата дали Плутон, како и телата кои во иднина ќе бидат откриени во Сончевиот систем, со сличен а и поголем дијаметар, треба да бидат прифатени за планети?

Споредба на димензиите на Земјата, Месечината, Плутон, Харон и 2003 UB313. Димензиите се дадени приближно

Теориите за формирање на нашиот Сончев систем подразбираат дека во далечните делови на Куиперовиот појас можеби постојат објекти големи како Марс. Се знаеше дека ќе дојде денот кога ќе биде откриен објект со големина на Плутон, ако не и поголем, а може во иднина да се очекува, со напредокот на технологијата, во тој предел да се појават и некои нови, поголеми, досега не познати објекти. Кон што нè води тоа?

Многу едноставно звучи дефиницијата дека планета е тело кое директно кружи околу една ѕвезда, доволно е да има кружен облик, благодарејќи на самогравитацијата, а не е доволно големо во неговата внатрешност да согорува деутериумот. Доста разбирливо и концизно, но на оваа основа би се добиле уште веднаш неколку стотици нови планети.

Полемиката сè уште ќе се води, но доколку се прифатат ваквите тела како планети, може во иднина Сончевиот систем да добие значително голем број на планети...

Клучни зборови:
Споредба на димензиите на Земјата, Месечината, Плутон, Харон и 2003 UB313. Димензиите се дадени приближно

Споредба на димензиите на Земјата, Месечината, Плутон, Харон и 2003 UB313. Димензиите се дадени приближно

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.