Емитер 1/2007.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Менаџментот (управувањето) на моторот е незамисливо без присуството на Роберт Бош на автомобилската сцена. Уметност е да се размислува глобално или, да се најде заедничкиот именител на автомобилите и да се дејствува во таа насока како глобален добавувач на разни системи и потсистеми кои се неразделен дел на она што денеска го нарекуваме автомобил. Денеска неговата фирма е империја без која не може да се замисли современиот автомобил. Огромна е неговата заслуга во доближувањето на автомобилот до обичниот човек преку намалувањето на цената на чинење благодарејќи на модуларниот систем на придружните системи и потсистеми со кои е опремен автомобилот (глобално гледано) чиј идеен творец е токму Роберт Бош. Ќе споменам само некои карактеристични системи: батериско контактно палење, батериско безконтактно палење, систем за вбризгување на гориво кај ото-моторите, пумпа за висок притисок (бош-пумпа) кај дизел-моторите, АБС системот,... Неговите системи ќе ги најдете речиси во сите возила кои се движат по патиштата во светот. Едноставно, неговото присуство во автомобилската индустрија е незаобиколно.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.