Шпедитерите веќе имаат главоболки од наголемениот обем на работа, што подразбира голема количина информации кои мора навремено и успешно да се управуваат, како и од галопирачкиот продор на нови технологии за комуникација и помош околу организирањето на бизнисот. Во иднина, овие проблеми уште повеќе ќе се изостуваат. Затоа, германската фирма "Бош" уште одсега почна да го истражува и да го дизајнира работното место на идните професионални возачи, т.е. возачите на камиони, камионети и доставни возила од аспект на опслужување и управување со информациите кои ги примаат и кои треба да ги пратат до базата.
Потребно е интерфејсот да биде дизајниран така што да овозможи континуирано примопредавање на голем број информации, потребни за да може возачот успешно да ја обавува ида ја синхронизира својата работа пред и по управувањето со возилото. При ова се користат сите достапни технологии од GPS системите, преку интернетот па сè до смартфоните. Имено, параметрите на личните нагодувања на инструментите и уредите во кокпитот имаат можност да се меморираат и секогаш кога возачот доаѓа до своето возило, смартфонот автоматски се поврзува со базата на податоци и ги извршува сите нагодувања за тој возач. Исто така, возачите се меѓусебно вмрежени преку централна управувачка единица и на тој начин меѓусебно непречено комуницираат, а бидејки централната единица е вмрежена и со надворешниот свет, тоа значи дека постојано доаѓаат до информациите што се однесуваат до патната инфраструктура и слични други неопходни информации за безбедно и економично одвивање на превозот.
Интерактивните панели (интерфејси) пред самиот возач се дизајнирани и организирани така што да бидат уредни и лесни за користење и да се наоѓаат дирекно во видното поле на возачот. Тука спаѓаат традиционалните округли инструменти кои успешно прикажуваат и графикон за планирање на рутата или видеосеквенции (од камерата за возење во рикверц или возење ноќе и сл.). Важните тековни информации се покажуваат со големи букви и во преден план, а помалку важните во позадина и со помали букви. Целиот овој интерфејс возачот може да си го прилагоди според своите потреби: се разбира, тие нагодувања се меморираат и, по потреба, се повикуваат.
Уште една многу важна функција достапна за возачот е што центарот за контрола на флотата од возила на фирмата испраќа секојдневни информации до возачите (возилата) за дневните рути на возилата, во која прецизно се наведени сите промени (неприлики и сл.) на конкретната рута, сè со цел да се избегнат шпицовите на сообраќај, затворените патишта и сето она што го забавува и го попречува ефикасното одвивање на сообраќајот. Секако, има и можност системот да препорача атрактивен ресторан, па дури и да резервира место за паркирање.
Сите овие можности, а и многу други од сличен карактер, во иднина ќе бидат од пресудно значење за шпедитерите при обавувањето на нивниот бизнис, тој се одвива ефикасно, без застои и економично, на задоволство на сите засегнати од него. Едноставно, нештата да се одвиваат синхронизирано и прецизно, што е еден од основните чинители за успешен бизнис.