Рубрика: Информатика
Цензура во Cyber-просторот
Автор: Ана Симоновска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2007.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По дефиниција, цензура претставува постапка за надгледување на слободата на изразување. Цензурата може да поприми различни форми, но во основа има за цел да го контролира начинот на кој луѓето ја перципираат средината во која се наоѓаат, во прилог на владеачката структура или на оние кои имаат моќ. Цензурата е постапка, карактеристична за авторитарните државни системи, но во име на заштита на јавниот морал, се применува и во демократските општества. Благодарејќи на отворената и комплексна природа на интернет-мрежата, можноста за брз и едноставен трансфер на информации, овој нов медиум даде неизмерен придонес кон слободата на говорот. Сепак, постојат држави во кои со помал или поголем успех се цензурираат содржините достапни на интернет.

Држави познати по цензурата на интернет се Кина, Саудиска Арабија, Иран, Куба, Јордан, Виетнам. Како причини за цензура на онлајн содржините во овие земји се сметаат политичките услови и регионалната легислатива. Несоодветните содржини, како детската порнографија или поттикнување на меѓуетничка омраза, се забранети во целиот свет. Поголемиот дел од земјите денеска имаат закони кои пропишуваат што е забрането да се објавува на интернет, а доколку серверот со такви содржини се наоѓа на нивна територија, постои законска регулатива со која истиот може да се отстрани. Ве Германија, на пример, забранети се веб-сајтовите кои пропагираат нацизам, но со оглед на тоа дека интернет мрежата не познава државни граници, овие сајтови може да потекнуваат од земји каде не постои таков закон, што ја оваозможува нивната непречена егзистенција.

Во Кина цензурата е регулирана на поинаков начин. Наместо подигнување тужба и барање за отстранување на одреден сајт, несоодветните содржини едноставно се филтрираат...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.