Рубрика: Информатика
Twitter ги стартуваше fleets
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 23.11.2020 - 11:45

Twitter ги прошири своите можности и ја лансираше новата опција “fleets“, а во прашање се твитови кои исчезнуваат по 24 часа, слично како и фотографиите на Инстаграм.

Како што веќе пишувавме пролетоска, кога за првпат беше објавено дека овој вид твитови ќе се тестираат во Бразил, fleets не нуди можност за директен јавен одговор на нив, миту пак можност за ставање лајк или ретвит. Другите твитераши можат на Fleets авторот да му пратат одговор единствено по пат на приватна порака. По Бразил твитер ги направи fleets достапни и во Италија, Индија и Јужна Кореја, а од пред некој ден и кај нас.

Некои корисници на Твитер, кои експериментираа со оваа нова опција, укажуваат на тоа дека новата можност создала можност за онлајн вознемирување на корисниците поради голем број несакани директни пораки.

Инаку, овие твитови со 24 часовен рок на траење можат да содржат текст, фотографија и видео запис, кој по постирањето станува достапен на самиот врв на тајмлајнот на Твитер профилот. Од Твитер потврдиле дека работат на функција за емитување живо, која би овозможила на кориснциите и да разговараат во рамките на Live јавувања.

Оваа не е единствената новина што Твитер ја воведе годинава. Колку за потстетување, во јуни компанијата ја воведе и можноста за твитање со снимени гласовни записи. Функционалноста им овозможи на корисниците можност за постирање на аудио запис во траење од 140 секунди.

Клучни зборови: