Рубрика: Аудио и видеотехника
EISA награди 2006/2007
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Европската асоцијација за слика и звук EISA и оваа година ги додели наградите за најдобрите производи од областа на аудио, видео, фото и мобилната техника. EISA постојано го следи напредокот и проширувањето на понудата на светските производители, за на крајот да може да ги прогласи добитниците на награди за изминатите 12 месеци.

EISA е најголема европска мултимедијална организација со повеќе од 50 членови на специјализирани списанија од сите области на забавната електроника. Секоја година EISA ги бира најдобрите производи во неколку области. Производите мора да задоволуваат повеќе високи критериуми. Наградениот производ мора да е изработен според најнова и најнапредна технологија, да располага со најпосакувани функции, да се одликува со врвен дизајн и најважно, неговиот квалитет да одговара на вредноста во пари според која се продава на пазарот. Во продолжение следува краток осврт на некои од добитниците на годинешните признанија.

Прво ќе се задржиме на изворите на звук. И покрај огромниот пробив на повеќеканалниот звук, претставувањето на одличните производи наменети за репродукција на класично стерео не само што не запира, туку и натаму продолжува во согласност со континуираниот интерес на публиката за висококвалитетна двоканална репродукција.

Најдобар показател за тоа е “оживувањето” на признанието во категоријата на грамофони, признание кое во изминатите неколку години е заобиколувано. Добитник е производот на австриско-чешката фирма Pro-Ject со ознака RPM 9.1, кој освен за својата автентично стилизирана изведба, признанието го заслужил и заради своите звучни квалитети со кои придонесува за ренесанса на класичното аналогно хај-фај доживување.

Лауреат од областа на дигитална репродукција на звукот е CD/SACD плеерот Marantz SA7001. Посветен на љубителите на стереозвукот, но и за оние кои знаат да го ценат поквалитетниот SACD-формат. Освен сериозниот пристап на конструкторите при дизајнирањето на овој уред и нивните постигнувања при изведбата на куќиштето и изолацијата на вибрациите, особено се истакнува и неговата висока способност за репродуцирање на величествено топол и пријатен звук.

Тоа е ремек-дело во аудиофилската класа на мини-мониторските звучници - такво е образложението за доделувањето на признанието “Европски звучник за 2006-2007 година”, а кој го понесе славниот Bowers&Wilkins за моделот CM1...

************
*******

За крај, еден најдобронамерен совет. Добар дел од овде наведените, наградени уреди и апарати, достапни се и кај нас. Затоа, за оние кои се со план да ја сменат или освежат својата аудио-видеоопрема, а и за оние кои едноставно сакаат да ги видат и слушнат новитетите, препорачлива е прошетка низ салоните на македонските застапници. Таму има и бројни други работи кои, исто така, се вредни за запознавање. Не заборавајте, есента штотуку започна. Тоа е периодот кога и новитетите за аудиовизуелна забава и уживање се пласираат на пазарот, а луѓето полека, полека, сѐ повеќе остануваат дома.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.