Емитер 4/2007.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Студијата за вести стануваат сé поголеми и поубави. Целта при дизајнирањето е тие да бидат подинамични, пријатни и блиски како амбиент до гледачите, што поистовремени со случувањето и со квалитетен и јасен електронски приказ на екранот. На што треба да се внимава при дизајнирање на едно студио за вести, како да се дизајнира за да биде соодветно за HD-ерата што настапува?
На почетокот многу телевизиски куќи најмногу инвестираа во предаватели и опрема за HD-доменот. Како следна фаза во оваа транзиција е свртување на вниманието кон градење на студија за вести, бидејќи вестите се едни од примарните компоненти на програмите. Целта вестите да бидат прикажани со соодветна динамика, свежина и интересност бара дизајнираниот амбиент да биде современ и по мерка на вкусот на гледачите. Дизајнирањето на студио за вести се одвива во неколку последователни фази.
Планирање
Според светски норми, процесот на дизајнирање и градење на ново студио за вести трае од три до шест месеци. Се разбира, се стартува со состанок на тимот за дизајнирање и менаџментот на куќата, главниот уредник за вести, директорот на техника и други. Овој состанок е многу битен за понатамошниот тек на процесот за да се избегнат измени и непотребни финансиски издатоци консеквентни на измените. Потоа дизајнот се прикажува во 3-D и CAD софтвер за да се види како тоа изгледа во 16:9 и 4:3. Виртуелниот приказ може навреме да ги отстрани евентуалните грешки и пропусти. Може да се напомене дека не е лош и стариот испробан начин на градење макети во соодветен размер. При дизајнирање на студискиот сет посебно се студира квалитетот и конструкцијата на мебелот и другите елементи кои ќе ја формираат конечната слика на екранот, без разлика дали станува збор за SD или HD-формат. Тим од инженери врши избор на светлосната постава, камерите и другата потребна опрема. Се прави проект кој ги содржи сите уреди, шемите на поврзување, како и броевите на секој аудио, видео и енергетски кабел.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.