Рубрика: Астрономија и астронаутика
Буран - руски спејс шатл
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Серијата на вселенски летала Спејс шатл (Space Shuttle) на САД, несомнено остави трага во човековото освојување на вселената. Имено, за првпат беше направено вселенско летало кое ќе биде испратено во орбита околу Земјата, ќе престојува одреден период во вселената и потоа ќе биде приземјено, поминувајќи низ атмосферата и слетувајќи како и секој друг авион. Американските шатлови и денес се сé уште во употреба и покрај многуте проблеми на кои NASA наидуваше во текот на нивната експлоатација (вклучувајќи ги и несреќите кои беа платени со човечки животи). Но, од друга страна, во пошироката јавност многу помалку се знае за руската програма за вселенско летало, кое ќе овозможи безбедно полетување во вселената и враќање на Земјата на човечки екипаж. Во далечната 1976 година тогашната СССР, како одговор на американскиот спејс шатл го започна својот проект за вселенскиот орбитер наречен Буран.

Во екот на “студената војна” руските политичари беа свесни дека САД со својата вселенска програма Спејс Шатл, започната 1972 година, ќе направат ефикасно воено оружје, со кое ќе надвладеат во оваа војна. Како реакција на ова, СССР во 1974 година се одлучи да реагира на соодветен начин, започнувајќи го проектот за вселенско летало наречен Буран, чиј назив во превод од руски значи “снежна бура”. Ова е веројатно најскапиот вселенски проект што го има започнато СССР. Најинтересно е што проектот ни од далеку не ги оправда вложените средства.


Првиот руски вселенски орбитер Буран и носачот Енергија

Од аспект на развојот на целиот проект, неговите почетоци се уште во 1970 година. Советските инженери, уште во почетокот на проектот фаворизирале мало и лесно вселенско летало, но воените лидери инсистирале на поробустно и помоќно воено летало по теркот на Спејс Шатлот, сѐ со цел да можат да парираат во однос на тактичко-техничките воени карактеристики. Како резултат на сето ова, двете летала имаат многу сличности, барем по изглед, но и одредени конструктивни разлики.

Вселенското летало Буран со сериски број 11F35 K1, беше единственото летало од вселенската програма Буран кое полета во вселената. Летот беше изведен на 15 ноември 1988 година, без екипаж и без инсталиран систем за одржување на живот. Во орбита, на височина од 257 km беше подигнат од повеќестепената ракета Енергиа. Леталото ја обиколи Земјата два пати за 206 минути, а бројот на орбитите беше лимитиран од употребливата количина на компјутерската меморија. При враќањето на Земјата, Буран изведе успешно автоматско приземјување на космодромот во Бајконур. Дел од мисијата е прикажан во јавноста, но не се дадени детали од слетувањето. Како што и целата програма е обвиена со тајност, така и овојпат има шпекулации (малку веројатни) дека мисијата е “монтирана” и дека слетувањето, всушност, било со помош на посебен авион-носач.  


Поглед за споредба помеѓу Спејс Шатл и Буран

Во текот на проектот, изработени се осум тестни летала кои се користени за разни испитувања на различни системи на Буран. Од друга страна, проектот предвидувал производство на пет различни летала, од кои е изграден само Буран, додека другите четири не се комплетирани.

Една работа, според мене, остава простор за размислување. Почетокот на проектите за изградба на вселенски летала, од типот на американската програма Спејс Шатл или руската Буран, е пред триесеттина години. Очигледно е дека овие проекти, за Буран веќе сѐ е јасно, не даваат големи можности со оглед на многуте пречки и тешкотии при изведување на истите. Се прашувам уште колку ќе чекаме за да видиме некоја нова изведба на шатл или друго вселенско летало? Вистината за тоа до каде и колку технолошки се напреднати светските велесили, веројатно многу малку луѓе ја знаат. Да се надеваме дека, сепак, набргу ќе има нови проекти кои ќе му помогнат на човекот да продолжи да го остварува вечниот сон. Да патува во вселената.

Клучни зборови:
Првиот руски вселенски орбитер Буран

Првиот руски вселенски орбитер Буран

Поглед за споредба помеѓу Спејс Шатл и Буран

Поглед за споредба помеѓу Спејс Шатл и Буран 

Буран снимен во хангарот 112 во Бајконур, Казахстан 2002 година

Буран снимен во хангарот 112 во Бајконур, Казахстан 2002 година

Различни температури на загревање на термичкиот штит

Различни температури на загревање на термичкиот штит 

Првиот руски вселенски орбитер Буран и носачот Енергија

Првиот руски вселенски орбитер Буран и носачот Енергија

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.