Емитер 12/2007.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дали сакате да имате звучник "убав како слика"? А звучник како слика? А двете? Овој проект ви овозможува да направите звучник во форма на слика (убав, исто така), наменет за поставување на ѕид, како и секоја слика. Наречен е, многу соодветно, Picasso. Иако овој звучник е дебел само 85 mm, визуелно дава впечаток дека е уште потенок - колку рамката, благодарејќи на добро осмислената конструкција.
Покрај добриот звук, големината на звучниците и добриот дизајн се втора (или прва ) по важност карактеристика при одлуката за купување (или правење) звучник. Многу често во просторијата нема доволно простор за големи звучни кутии, па единствен избор се мали звучни кутии, или оние кои се наменети за поставување на ѕид. При ова треба да се внимава, бидејќи не секој мал звучник е наменет за поставување на ѕид, па ни блиску до него.
Сигурно сте забележале дека поставувањето на звучник до ѕидот резултира со засилување на ниските тонови (особено најниските), но и со ослабување на дел од ниските средни тонови. Тие појави се неизбежни и треба да се усогласат со останатиот дел од аудиоспектарот, преку соодветна конструкција на свртницата за звучната кутија. Тоа значи дека не е возможно да се направи "универзален" звучник кој подеднакво добро би работел поставен на ѕид и поставен подалеку од ѕидовите. Всушност, можно е, но тоа би значело користење на две различни свртници, кои корисникот при потреба би ги вклучувал – а тоа е голема и скапа комбинација која во праксата се користи само кај студиските монитори.
На сликата во прилог може да го видите звучникот Picasso. Чист кубизам... убав на татко... Во Picasso се употребени звучници со добар квалитет, производство на чешката фирма TVM Acoustics. За жал, овие звучници не се продаваат во Македонија и за нивна набавка ќе треба да прошетате до соседна Бугарија (Софија), каде ќе ги најдете по навистина поволна цена.
Бас-среднотонец; TVM Acoustics ARN-150-05/8 Високотонец; TVM Acoustics ARV-078-00/8
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2007. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.