Рубрика: Аудио и видеотехника
Аналогни или дигитални аудиомиксети
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Последниве неколку години во сите домени се чувствува продор на дигиталните видео и аудиопроизводи. И покрај тој факт, се забележува видлив пораст на интересот за аналогни тонски миксети, особено за снимање. Интересно е да се согледаат причините за ова нешто, бидејќи само до пред неколку години се чинеше дека е несопирливо целосното дигитализирање како на аудиоопремата, така и на целиот процес на снимање аудиозаписи и создавање тон со висок квалитет. Текстот има амбиција да ги објасни аргументите зошто аналогните аудиомиксети нема уште долго да одат во "пензија".

Големиот број дигитални миксети кои се појавија на пазарот во средината на деведесеттите години на минатиот век кај многумина корисници создадоа впечаток дека само тоа е патот на напредокот. Меѓутоа, времињата се изменија и периодот на "медениот месец" за дигиталните миксети сега навистина е минато. Со други зборови, изминатиот период и искуството во користење на дигитални миксети донесоа реални сознанија и аргументи за квалитетот на звук создаден и обработен со дигитални аудиомиксети. Нема сомнение дека механизмот на одвивање на случувањата едноставно покажа дека дигиталните тонски миксети не се професионален аудиоеквивалент на аналогните аудиомиксети. Пазарот на дигиталните миксети созреа, а производите станаа подобро разбирливи, па корисниците повеќе не се чувствуваат како втурнати во непозната насока и пред проблемот како да се снима и да се миксира со новиот тип миксети. Искуството со работа на дигиталните аудиомиксети денес овозможува многу порационална и поиздржана процена во поглед на придобивките и недостатоците на дигиталните миксети во однос на аналогните. Денес станува сè појасно дека сè уште има простор за аналогните тонски миксети, барем како што објаснуваат Dave Dearden и Gareth Davis, основачите на Audient.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.