Рубрика: Астрономија и астронаутика
Кокино - спој на мистичноста и науката
Автор: Фросина Илиевска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сонце низ нишан

Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во североисточниот дел на Македонија. Лоцирана од 35 км од Куманово, оваа опсерваторија заслужено го зазема местото меѓу најзначајните откритија во последниов век. Што, всушност, претставува таа? Кое е нејзиното значење од културен, научен и археолошки аспект?

Далеку од патот и цивилизацијата, обвиткана со нежната природа, мегалитската опсерваторија Кокино грандиозно се издигнува под врвот Татиќев камен. Светот не знаеше за нејзиното постоење сѐ до 2001 година, кога беа извршени низа археолошки и археоастрономски истражувања под водство на археологот Јовица Станковски од Народниот музеј во Куманово и астрономот Ѓоре Ценев од планетариумот при МКЦ во Скопје. Овие истражувања покажаа дека и не само што станува збор за богато археолошко наоѓалиште, туку и за нешто за кое никој не можеше да претпостави – мегалитска опсерваторија.

Кога ќе пристигнете во подножјето на опсерваторијата прво што забележувате се камења, многу камења. Но, како што продолжувате да се искачувате ќе забележите нешто многу чудно. Рамна платформа и камења обликувани како престоли и тогаш сте преплавени од прашања: Што? Како? Зашто? Не знаејќи, Кокино веќе успеа да ве плени со својата историја, мистичност и убавина.

Камените тронови – едно од најубавите нешта во опсерваторијата

Клучни зборови:
Сонце низ нишан

Сонце низ нишан

Карта како да стигнете до Кокино

Карта како да стигнете до Кокино

Камените тронови – едно од најубавите нешта во опсерваторијата

Камените тронови – едно од најубавите нешта во опсерваторијата

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.