Рубрика: Аудио и видеотехника
Каква е иднината на broadcast камерите
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Камерите се најбитни уреди во broadkast технологијата. Телевизијата не би постоела да не се тие "Нивното Величество" камерите. Нивниот развоен пат е паралелен со развојниот пат на телевизијата. Сигурно сте се запрашале што нä очекува во овој домен на телевизиски уреди во наредните години! Дали нä очекуваат револуционерни откритија и технолошки промени?

Како што е познато, SD (стандардна ТВ) технологијата е присутна во нашето опкружување. HD (High-definition) технологијата е во фаза на забрзан подем, а интернет сè уште не е подготвен за broadcast. Во 2007 година половината од камерите во светот се SD. Иституции како парламенти, универзитети, системи за обезбедување и други сервиси си купуваат broadcast SD камери и на тој начин го одржуваат овој пазар во живот.
Најновите broadcast камери во моментов се со 1920х1080/50/60 и однос на страните 16:9, како и со HD-SDI и HD аналогни излези. Се разбира дека свичување меѓу форматите и односите на страните е обезбедено од производителите. Исто така, се произведуваат камери со SDI и аналогно-композитни видеоизлези. На овој начин корисниците преминуваат од аналоген во дигитален домен без комплетно да ги менуваат своите broadcast ланци за производство на програма, туку само со постепено надградување на технолошки капацитети.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.