Емитер 3/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Еден поранешен сон за патување низ Сончевиот систем речиси без потрошувачка на погонско гориво, станува реалност благодарејѓи на хемичарите. Имено, една нивна теорија за старт и тек на одреден хемиски процес со најмала нужна енергија, нуди чудна сличност со астрофизичките закони за трасирање патеки за движење низ Сончевиот систем со најмала можна потрошувачка на погонско гориво.
Хемиската теорија за моделирање на оптималните услови за старт и целосен тек на одредена хемиска реакција со минимум енергија, го интерпретира целиот тек на хемиската реакција, почнувајќи од почетната состојба, кога елементите сè уште не реагирале, па сè до некоја финална состојба, кога се формирале продукти на хемиската реакција, па според тоа поинаку е наречена “теорија за состојбите во транзиција”. Поентата при тоа е да се моделираат најдобрите услови за реакцијата, на пример, температурата, концентрацијата, притисокот, движењето… за старт и тек на истата со минимум нужна енергија. Равенките за детектирање на тие оптимални услови се совршено слични со равенките за трасирање најекономични “автотраси” низ Сончевиот систем, па според тоа, хемичарите можат да бидат од голема полза на астрофизичарите во моделирање на тие патеки. Тоа го уочи и НАСА и прифати да финансира заеднички истражувања на мешовита екипа од хемичари од Универзитетот на Западна Вирџинија и астрофизичари.
Проектот се базира на користење на ефектите од гравитацијата како погонска сила за движење низ Сончевиот систем.
Први корисници на најекономичните вселенски патеки беа Европската сонда Smart 1 лансирана 2003 година кон Месечината и сондата Џенезис, која во 2004 година се “паркираше” во стационарот на Лагранжовата точка L1 од системот Земја-Сонце, од каде собираше податоци за емисијата на сончевите честички. Со тоа патот за нови мисии на овој поекономичен принцип е отворен и тој во иднина сигурно повеќе ќе се користи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.