Емитер 1/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Според УНЕСКО, на планетава постојат околу 200 милиони часови снимени аудио-видеоматријали на лента . Оваа огромна архива претставува културно богатство и извор на документарен материјал за кој се интересира светот. За жал, магнетното снимање го завршува својот технолошки живот. Ако ништо не се стори за да се заштити, овој вреден архивски материјал ќе биде неповратно изгубен. Прочитајте за глобалното решение на овој алармантен проблем.
Пред дваесетина години, лентата како медиум почна да го губи приматот. За триесетина години лентите нема да можат да се одмотаат, а за репродукција не станува збор. Репродукцијата на видеолентите бара соодветен хардвер. Проблемот е во VTR-машината; форматите се менуваат и тешко може да се обезбедат и задржат машини кои би можеле да ги репродуцираат сите претходни формати. Набргу ќе се случи производителите на касетни формати да понудат решение на овој предизвик. Бродкастерите, производителите на програми, наоѓаат дека е скапо одржувањето на голема архива на ленти. Проблем претставуваат и условите во кои тие се чуваат. Температурата треба да биде околу 15 Целзуисови степени, а влажноста меѓу 20 и 40 %. Исто така, треба да се води и опширна документација за содржините. Зачувување на материјалите од старите формати со преснимување во нови доста чини. Од друга страна, оваа процедура нема крај. Додека да се пресними на еден формат, веќе треба да се пресними на друг понов формат. Мануелниот трансфер на старите аналогно снимени материјали во дигиталните формати ангажира големи средства. Ова е неекономично и трката е без конечен резултат.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.