Рубрика: Информатика
Планетарен Интернет
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со оглед дека Интернетот навлезе во сите пори на модерното живеење, логичен продолжеток е неговиот продор во вселената. Дали е тоа можно? Експериментот на НАСА вели – да!

Во ноември 2008 НАСА ја тестираше првата вселенска комуникациска мрежа моделирана на интернет. Ова претставува значителен чекор напред во комуникациите, со оглед дека овозможува создавање ефикасна комуникациска платформа за вселенските мисии кои следат во блиска иднина. Оваа технологија има повеќе називи - Interplanetary Internet, Disruption-Tolerant Networking (DTN), Deep space communications network и Deep Space Internet, но со оглед на називот на софтверот употребен во овој експеримент (DTN), најверојатно тоа ќе остане и како официјален назив.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.