Рубрика: Аеронаутика
Беше еднаш во Македонија...
Автор: Владимир Андоновиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


вистински приказни од воздухопловно-техничката работилница

Идејата за овој напис долго вре­ме ја носев во себе. Требаше само поттик од страна, па споме­ните да се обликуваат во содр­жина и текст кој треба да сочува од заборав еден мал колектив сос­тавен од врвни професионалци. Станува збор за ци­вил­ниот персонал на воздухопловно-техничка работилница од трети степен (ВТР) на аеродромот Петровец.

Работилницата беше наменета за среден ремонт на воз­духо­пловната тех­ника (повремени прегледи, модифи­ка­ции, поправки) и се состоеше од неколку погони или одделенија:

• одделение за авион и мотор,
• одделение за воздухопловна опре­ма (радио, радар, инструменти, елек­трич­на и електронска опрема итн.),
• одделение за изработка (метало­стругари и глодачи, авиолимари, авио-столари, авиозаварувачи, авио-фарбари),
• акумулаторска станица, компре­сорска станица,
• падобранска секција, линктренер за пилоти,
• пробна станица за млазни мотори,
• мала лабораторија за испитување на материјали  (со шарпиево клатно, „Роквел” апарат, уред за испитување на пукнатини од замор на материјалот во деловите со магнетен флукс итн) и
• одделение за мото техника.

На прв поглед извонредно опремен мал сервис за авиони. Но вистинска вред­ност на ВТР беа луѓето...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.