Емитер 207 - 12/2024.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Реалниот свет претставува множество на едноставни, посложени или многу комплексни системи во кои се одвиваат најразлични процеси со различни учесници, објекти, правила, услови и слично. Често е потребно таквите сложени системи да се анализираат како функционираат во реални услови. Но, таквите анализи се одвиваат со големи потешкотии или пак се невозможни од повеќе аспекти: финансиски, опасност од хаварија, невозможност да се створат реални услови, системот не е реален туку виртуелен и слично. Со развојот на компјутерите, стана возможно да се реплицираат различни процеси од реалниот свет во виртуелниот свет и да се модифицираат нивните параметри за да се дојде до ново или да се потврди постоечкото знаење. Во оваа смисла, развиена е компјутерска симулација...
Компјутерската симулација пред сѐ подразбира користење на компјутери со цел да се создаде модел што ќе го имитира реалниот систем и на кој ќе се изврши соодветна анализа. За да може успешно да се спроведе симулацијата, потребно е прво да се започне со процесот на моделирање. Тоа е креативен процес на човечкиот ум со кој на класичен начин се формираат функциите (кои се од интерес) на еден реален систем. Врз основа на моделот е реализира симулација која може да се перцепира и како однос помеѓу моделот и самиот компјутер на кој се одвиваат соодветните пресметки.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.