Најголем дел од човештвото, присутно денес на планетава, никогаш нема да има можност лично да стапне на црвената планета. Но, доколку можете да си дозволите додаток за виртуелно искуство, ќе добиете можност барем приближно да искусите како точно би изгледала прошетката по површината на оваа правлива планета.
Инженерите на НАСА заедно со програмерите од Гугл го создадоа Access Mars, виртуелен разглед на Марс, којшто во себе содржи над 200 000 слики направени со камерата на роверот Кјуриосити, од неговото пристигнување на планетата во 2012 година.
Виртуелното искуство се разви како ВР програма направена од НАСА со цел за да им даде на истражувачите подобар увид во податоците што секојдневно ги добиваат од Кјуриосити, овозможувајќи им 3Д искуство при прегледот. Резултатот досега бил особено корисен за геолозите коишто можеа виртуелно да шетаат по каменестите сртови и по дините, проучувајќи ги формациите од агол којшто нуди далеку подобар увид од проучувањето на дводимензионални слики.
Со Access Mars може да се постата истите сртови и дини додека во заднината се слуша објаснувањето дадено од Кејти Стак Морган, од НАСА која е стручњак за работите поврзани со црвената планета.
Виртуелното искуство е бесплатно, а може да го симнете од тука. За жал, за целосно да уживате во него ќе мора да набавите сопствена опрема односно ВР кацига.
Во меѓувреме најавено е ажурирање на апликацијата од WEBVR во WEBXR. Но, останува можноста да се направи разгледување со поглед од 360°.