Дојде време на годишни одмори. Некои од вас веќе уживаат на некоја плажа, некои планираат тоа да го направат во многу блиска иднина. Други пак, планираат малку поактивен одмор со планинарење или велосипедски тури, додека на трети им останува само да мечтаат. Е, токму за овие сонувачите, НАСА подготви посебно изненадување – можност за интергалактички виртуелен одмор.
За што се работи? Американската вселенска агенција изработи веб-апликација со која ќе можете да се движите на површината некоја од откриените екстрасоларни планети. При креирањето на компјутерската графика користени досега добиените податоци од набљудувањата и направените научни пресметки и заклучоци. Значи во уметничката визија е инкорпорирано сè она што астрономите го знаат засега за овие светови.
Така, на пример, при “прошетката” на планетата Кеплер 16b, која се наоѓа во орбита околу бинарниот ѕвезден систем Кеплер 16, забележителни се карактеристичните 2 сенки коишто се последица од присууството на две сонца. Исто така, планетата Кеплер 186f за која се шпекулира дека е можно да има атмосфера, нуди глетка исполента со изобилство од вода хипотетички жив свет - растенија.
Значи, ако не планирате да одите никаде, на располагање за виртуелна прошетка освен Google street view со кој може да се прошетате по улиците на речиси сите светски метрополи, и Google Mars со кој може да ја проучувате површината од планетата Марс (но, само преку податоците добиените од МРО), сега на располагање ви стојат и интергалактички виртуелни прошетки.
Сајтот за “пријавувања” за интергалактичките виртуелни патувања е тука