Рубрика: Електроника
Штимер за гитара со Ардуино
Автор: Стефан Лутовски и Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 207 - 12/2024.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Штимерот е неопходна алатка за секој гитарист. Во овој проект е прикажан штимер, односно фреквенциски нагодувач за гитара, кој е реализиран со микроконтролерската развојна плочка Ардуино Уно. Со него се овозможува точно и лесно нагодување на гитарата. Во написот е даден краток осврт на основните физички принципи кои ја опишуваат гитарата, по што детално е опишан дизајнот на електричното коло и алгоритмот за детекција и одредување на фреквенцијата на жиците на гитарата. Тестирањето на штимерот покажа дека тој функционира правилно и ги исполнува предвидените цели. 

Микроконтролерите се еден тип интегрирани кола дизајнирани да комбинираат микропроцесор, различни типови компјутерска меморија (RAM, ROM или Flash), влезно-излезни порти и други периферни компоненти. Оваа интеграција им овозможува на мик­рокон­тро­лерите компактност, ефикасност и значителна заштеда на време, простор и ресурси. Тие вклучуваат сѐ што е потребно за основна обработка на податоци односно: процесор, меморија и интерфејси за комуникација со надворешни уреди. За разлика од персоналните компјутери, микроконтролерите обично користат процесори со помали, оптимизирани брзини – од неколку десетици до стотици мегахерци – што е сосема доволно за нивните специја­лизирани задачи. 

Микроконтролерите наоѓаат примена во широк спектар на апликации, од паметни телефони до индустриски машини, апарати за домаќинство и играчки. Тие се дизајнирани да извршуваат различни задачи, што ги прави погодни за користење во разни уреди. Функцијата што ќе ја извршува микроконтролерот зависи од програмата или инструкциите што ќе бидат впишани (снимени) во него, кои ги дефинираат операциите што треба да се извршат и контролата на поврзаните компоненти. Наведените карактеристики му овозможуваат на микроконтролерот голема флексибилност и можност за интеграција во различни технолошки решенија.

За целите на овој проект и напис, при изработката на уред за нагодување фреквенции за музички инструменти, микрокон­тро­лерот е користен како основа за фреквенциска анализа на одре­ден влезен аналоген сигнал.

Написот е скратена верзија од семинарскиот труд реализиран во текот на студиите на ФЕИТ во 2017 година

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.