Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во однос на Сончевиот систем секојдневно читаме нови информации што ни пристигаат од светските научни центри кои се занимаваат со оваа проблематика. Па, и во ова. Во ЕМИТЕР низ годините биле опфатени голем број теми кои говореле за самата структура или, пак, за телата што го сочинуваат Сончевиот Систем. Тука би сакал да направам еден краток осврт на непосредната околина на самиот Сончев Систем, односно – ајде да видиме кои сè ѕвезди и ѕвездени системи се наоѓаат на растојание од 10 светлосни години од нас! А во некоја следна прилика ќе опфатиме и малку поширок простор од нештата што го сочинуваат нашето соседство.
На 25 април 2014 година, астрономот Кевин Лухман објави откритие на едно екстремно слабо кафеаво џуџе, кое се наоѓа отприлика на растојание од 7,2 светлосни години од нашето Сонце. Откритието беше направено со помош на телескопот WISE (Wide-field Infrared Survey Explorer) на НАСА, лансиран во 2009 година со цел да го фотографира небото во инфрацрвениот спектар. Новооткриениот објект (WISE 8055) е четвртиот најблизок објект до Сончевиот систем. До денес се смета дека ова е најладното откриено кафеаво џуџе, со површинска температура помеѓу –48 °C и –13 °C.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.