Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Раната историја на радиото на поранешните југословенски простори се случува во времето на постоењето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС), подоцна Кралството Југославија. Формирањето на првите радио станици било резултат на влијанието на она што во тоа време се случувало во радио технологијата во Европа и во светот пошироко.
Барајќи материјал за историјата на Радио Загреб наидов на следниот текст “Поради малата моќност на предавателот и планинските масиви (Учка, Велебит, Динара, Биоково), чујноста на Радио Загреб и натаму била ограничена, особено во приморскиот дел. Затоа во 1942 година била формирана нова радиостаница во Дубровник (10 W), Сараево и Бања Лука (кои тогаш биле во состав на НДХ) и во Осиек (1943).” Станува збор за периодот на Втората светска војна кога постоела Независна Држава Хрватска (НДХ). Бидејќи во тоа време Босна и Херцеговина била во составот на НДХ, најверојатно овие новоформирани радиопостојки биле репетиторски станици кои ја пренесувале програмата на Радио Загреб. Нешто слично како “Радио Скопље” непосредно пред Втората светска војна, кога во јануари 1941 година била отворена радиската зграда и предавател како репетитор на Радио Белград.
Како официјален ден на отпочнување со работа на Радио Сараево се смета 10 април 1945 година, само четири дена по ослободувањето на Сараево. “Смрт на фашизмот – слобода на народот. Овде Радио Сараево. (Smrt fašizmu – sloboda narodu. Ovdje Radio Sarajevo.)'', биле првите зборови кои во етерот на 10 април 1945 година во 17 часот, ги изговорил Ѓорѓе Лукиќ – Циго, првиот спикер и техничар на Радио Сараево. Емитувањето започнало преку мала радиостаница од типот БИГА, која група сараевски илегалци ја одзеле од окупациските власти на НДХ. Циго ја поправил и оспособил оштетената радиска опрема. Студиото било на улица “Његошева” број 8 (денес улица “Алекса Шантиќ”). Радио Сараево своето прво директно емитување го направило на 26 април 1945 година, а била емитувана и Третата седница на ЗАВНОБиХ во Сараево. Првиот предавател на средни бранови бил изграден во 1948 година. Селото Доње Моштре, околу 30 километри северно од Сараево до Високо, станува главна локација за испраќање на сигналот со среден бран на Првата, а многу подоцна и на Втората програма.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.