Емитер 206 - 7-8/2023.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Linux командната линија претставува текстуален интерфејс за вашиот компјутер. Честопати се нарекува и shell, terminal, console, prompt или со различни други имиња, може да изгледа дека е сложено и збунувачки за употреба. Сепак, можноста за копирање и залепување на команди (copy/paste) земени од некоја веб-локација, во комбинација со моќта и флексибилноста што ги нуди командната линија, значи дека нејзиното користење може да биде од суштинско значење кога се обидувате да следите упатствата на Интернет.
Што ќе ви треба? – Компјутер со Ubuntu или некоја друга верзија на Linux.
За време на формативните години на компјутерската индустрија, еден од раните оперативни системи беше наречен Unix. Тој беше дизајниран да работи како мулти-кориснички систем на мејнфрејм компјутери, при што корисниците се поврзуваат со него од далечина преку поединечни терминали. Овие терминали беа прилично основни според современите стандарди – само тастатура и екран, без моќ да се извршуваат програми локално. Наместо тоа, тие само ќе испратат сигнал за притискање на копчињата до серверот и ќе ги прикажат сите податоци што ги примиле на екранот. Немаше глушец, немаше фенси графика, ниту боја. Сè беше испратено како текст и примено како текст. Очигледно затоа, сите програми што работеа на главниот/ мејнфрејм компјутер мораа да дадат текст како излез и да го прифатат текстот како влез.
Во споредба со графиката, текстот е многу лесен на ресурси. Дури и на машините од 1970-тите, кои работат со стотици терминали преку глацијално бавните мрежни врски (според денешните стандарди), корисниците сè уште можеа да комуницираат со програмите брзо и ефикасно. Командите, исто така, беа мошне кратки со цел да се намали бројот на потребни притискања врз копчињата, со што уште повеќе се забрзуваше користењето на терминалот од страна на луѓето. Оваа брзина и ефикасност е една од причините зошто овој текстуален интерфејс сè уште нашироко се користи и ден денес.
Кога корисниците беа најавени на Unix mainframe компјутерот преку терминал, тие сè уште мораа да се справуваат со задачите за управување со датотеките што сега може да ги извршувате со глувче и неколку прозорци. Независно од тоа дали креирале датотеки, ги преименувале, ги ставале во поддиректориуми или ги преместувале на диск, корисниците во 70-тите можеле сè да направат користејќи го текстуалниот интерфејс.
Секоја од овие задачи бараше извршување на специфична програма или команда: една програма за менување на директориумите (cd), друга за да ја наведе нивната содржина (ls), трета за датотеките да се преименуваат или преместаат (mv) итн. Со цел да се координира извршувањето на секоја од овие програми, корисникот би се поврзал со една единствена мастер програма која потоа може да се користи за стартување на која било од другите потпрограми.
Linux оперативниот систем е своевиден потомок на Unix. Основниот дел на Linux е дизајниран да се однесува слично на Unix системот, така што повеќето од старите shells и другите програми засновани на текст работат сосема среќно на него. Теоретски ако приклучите некој од старите терминали од 1970-тите на некоја од современите Линукс машини, веројатно ќе можете да пристапите на командната shell конзола преку тој терминал, иако денес најчесто се користи софтверски терминал – истиот текстуален интерфејс сега е “врамен” во прозорче заедно со графичките програми.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.