Рубрика: Аеронаутика
Постанок на параглајдерот
Автор: Влатко Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 206 - 7-8/2023.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Параглајдерот е летало кое последно се појави во светот, но стана најмасовно спортско летало. Неговиот постанок и развој цело време е испреплетен со делтапланот (змејот) што го опишував во Емитер, септемврискиот број од 2002 година, и со падобранството. Сега, после две децении од тој напис и пет декади од првите летови, параглајдерите доаѓаат до своето совршенство. Поради што им требаше толку време да ги достигнат потребните карактеристики и зошто последни се појавија на пазарот – ќе дадам некои свои видувања.

Иако таа 2002 година веќе редовно имавме интернет, за „Постанокот на делта­планот” не го користев, пишував по сеќа­вања, приказни и извадоци од печатени списанија што сум ги собирал со години. Тогаш немав информација за Абас ибн Фир­нас (Abbas ibn Firnas) кој, според некои извори, во деветтиот век направил крило налик на современ змеј сегашен и летнал со него. Но, и покрај тоа, се работи за статија која оперира со точни податоци, па за подобро да го разберете постанокот на параглајдерот, ви препорачувам да се навратите и на тој напис. Секако, во не­дос­тиг на информации и простор не сум спомнал некои значајни личности, како што историјата дури после децении дознава за „Подзаборавениот и вистинскиот Татко на параглајдертвото”. Поради потешкотии со преводите, само во овој текст, термините „пара-летало” или „параплан” ги користам за 'преодните фази' кога падобранот ста­ну­вал „глајдер” (glider).

Абас Ибн Фирнас го направил своето летало во 875 година во Шпанија

Отсекогаш и насекаде имало идеи и обиди детското „летало-змеј” (kite) да се направи големо и на него да се закачи човек да лета. Откако постои падобранот посто­јат луѓе кои се обидувале и успевале да летнат со него влечен на раце со јажиња, со глисер (parasailing) – техника што се ко­рис­ти и денес, со скии или да скокне со него од карпа или брдо – техника позната како parascending или gliding parachute. Деца и возрасни правеле крила со кои се обиду­вале да (по)летаат, користејќи дури и по некој чаршав или чадор при скок од нека­де. Има записи дека уште во Првата свет­ска војна, подморници влечеле падобран со војник за да ја набљудува ситуацијата на(д) површината. На класичните падобра­ни (со округла купола) правеле процепи да добијат хоризонтална брзина и за ова нај­познат е терминот на Лемоањ – „парако­мандер”, кој имаше и централна гуртна што го повлекуваше врвот на куполата навнатре. Ваквиот модел изработен од фабриката „Клуз” од Белград, со којшто скокав и јас, се викаше PS-06, имаше мала хоризонтална брзина, преосетливи командите и, заради неговата сложеност, неговото отворање бе­ше чувствително при неправилна положба на телото. Во 1962 го­ди­на, францускиот инженер Пјер-Марсел Лемоањ (Pierre-Marcel Lemoigne), со модификација на неговиот паракомандер, го развил падобранот (парапланот) што може да се „возвишува при безмо­тор­но летање” – Ascending Gliding Parachute.

Современото параглајдерско крило воопшто не личи на падобран, има поголема виткост, голем број мали, отворени и затворени комори

Клучни зборови:
Абас Ибн Фирнас го направил своето летало во 875 година во Шпанија

Абас Ибн Фирнас го направил своето летало во 875 година во Шпанија

Современото параглајдерско крило воопшто не личи на падобран

Современото параглајдерско крило воопшто не личи на падобран, има поголема виткост, голем број мали, отворени и затворени комори

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.