По брзањето за претставување сопствен ВИ четбот во февруари и потешкотиите што тоа ги донесе , Google денес го лансираше својот чет-бот наречен Bard и во исто време испрати покана до корисниците да започнат со сопствени тестови за да можат е можно поскоро да добиваат повратни информации од употребата, сѐ во надеж дека ќе го престигне Microsoft во трката за најбрзо растечка технологија во светот.
Bard најнапред ќе биде достапен во САД и Велика Британија, а корисниците ќе можат да се пријават за листата на чекање за пристап до четботот на англиски јазик, програма која претходно беше достапна само за одредени професионалци, пренесува Ројтерс.
Bard е способен да одговори на многу општи прашања, но повремено нуди нејасни совети. На пример, запрашан „Како да се поттикне детето да се занимава со куглање?“, четботот одговорил „Однесете го во куглана“.
Четботот генерира три одговори на секое барање, но варијациите во нивната содржина се минимални, додека под секој одговор има копче што може да го одведе корисникот директно до пребарувањето на Google.На прашањето дали зад претставувањето на Бард стои конкурентен притисок, Џек Кравчик, директор во Google, рече дека фокусот на компанијата е прво на корисниците, а потоа на конкуренцијата.
Во демонстрација на bard.google.com за Ројтерс, Кравчик покажа како програмата креира параграфи од текст одеднаш, наспроти ChatGPT, кој тоа го прави по принципот збор по збор. Bard, исто така, вклучува и функција за приказ на три различни верзии или „нацрти“ на кој било даден одговор, при што корисниците можат да се префрлаат од еден на друг, а прикажа и копче што вели „Гугл“ (Google) доколку корисникот сака да вклучи и веб-резултати за барањето.
Сепак, точноста на одговорот е сè уште несигурна. Откако минатиот месец промотивното видео за Бард покажа дека четботот греши при одговорна прашање, Bard и на денешната презентација направи неколку грешки за време на демонстрациите за Ројтерс и не успеа да одговори на прашање од областа на биологијата во врска со папратите. Минатогодишното претставување на ChatGPT го возбуди технолошкиот сектор и создаде желба вештачката интелигенција да се стави во рацете на што е можно повеќе корисници, со цел да се преобликува начинот на кој луѓето пребаруваат на интернет и работат.
Минатата недела, Google и Microsoft направија серија објави за вештачка интелигенција во размак од два дена еден од друг. Компаниите ја интегрираат технологијата во нивните текстуални процесори и други софтвери за деловна соработка, како и алатки поврзани со маркетинг за веб-програмерите да изградат свои апликации базирани на вештачка интелигенција.
„Ги знаеме ограничувањата на технологијата и затоа сакаме да бидеме внимателни со темпото со кое ќе ја промовираме“, рече Кравчик.
Повеќе информации за ChatGPT, Google Bard, и вештачката интелигенција во
Дали ВИ четботот на Google LaMDA навистина разви свест?
Сем Алтман и ChatGPT – апликацијата за која зборува цел свет
ChatGPT е автор на научни трудови – што значи ова за иднината на научните истражувања?
Битка на вештачка интелигенција – Google го претстави соперникот на ChatGPT
За роботите, вештачката интелигенција и дигиталната иднина на човештвото “На зајдисонце”
и уште повеќе