Емитер 4-6/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Комерцијалните софтвери за продукција и обработка на музика вообичаено се потпираат на хардверски интерфејс кој треба да овозможи мост помеѓу компјутерот каде што се генерира таа музика и опремата којашто служи за репродукција на музиката. Во овој напис е прикажан проект за еден таков хардверски интерфејс, кој е изработен со помош на популарната развојна плочка Ардуино Уно.
Во минатото беше потребен “цел симфониски оркестар” за снимање музика за една песна, а денес сето тоа може да се произведе со помош на дигитализацијата на аудиосигналите и со новите процесори. Додека во минатото се потпиравме на скапите аналогни електронски компоненти, денес најголемиот дел од сето тоа се случува по дигитален пат, со минимални средства. Новите промени донесоа и нова рамнотежа во поглед на продуцирање на музиката. Па така, додека едни музички професии започнаа да исчезнуваат, нивното место го зазема нова уметничка форма. Токму една ваква форма на којашто ние ќе се фокусираме во овој труд, се новосоздадените диск-џокеи, кои денес веќе вообичаено ги нарекуваме диџеи (а нивната вештина си го доби називот диџејство), и неопходната опрема за една нивна изведба.
Сите диџејски контролери имаат навидум сличен облик, поделен во неколку секции за контролирање на различни функции. Најчесто имаат две џог-тркала кои служат за премотување низ аудиозаписот напред или назад, а некои контролери имаат и опција за стопирање на записот во моментот кога ќе се допре џог-тркалото. Има миксета со којашто може да се контролира јачината на звукот, да се филтрира фреквенцискиот опсег, да се одбере лев или десен канал, а има и секција за ефекти и други опции.
Главните компоненти кои се користат во еден ваков уред се потенциометар, прекинувач, ротациски енкодер (по потреба) и микроконтролер којшто ќе ги регистрира вредностите на овие компоненти и ќе ги испраќа кон компјутерот во формат разбирлив за софтверот што го користиме. Овие компоненти треба да се стават во некаква кутија и меѓусебно да се поврзат.
******
Прикажаниот проект е скратена верзија од дипломскиот труд на авторот одбранет на ФЕИТ - Скопје
развојна плочка Ардуино Уно
Мултиплексери CD74HC4067
ротирачки енкодер со тастер
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.