Рубрика: Аеронаутика
Патнички авиони со батерии во наредните 20 години
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10-12/2018.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Неодамна осамна текст со наслов “Летови со батерии” на Блискиот Исток за следните 20 години, кој побуди голем интерес кај познавачите на воздухопловството. Имено, во досегашниот период вообичаено како гориво за мотори на воздухоплови се користеше авиобензин и керозин за млазни мотори. Во списанијата од 50-тите години на минатиот век, се полагаше голема надеж за користењето на атомската енергија. Но, за среќа, таа идеја остана само на хартија и се користи главно за воени пловила (подморници и носачи на авиони). Сепак, идејата да се користат батерии (акумулатори) за погон на електромотори, наспроти мотори со внатрешно согорување и млазни мотори во старт претставува футуристичка идеја и верувам дека ќе се реализира во предвидениот рок.

За да биде разбирливо за што се работи, ќе се обидам да појаснам и да ги опишам досегашните достигнувања во раз­војот на електромоторите и нивната примена во воздухопловс­твото. Електричен авион е авион којшто за погон користи електромотор. Електричната енергија може да биде обез­бедена со разни методи, вклучувајќи батерии, земјени сили, соларни ќелии, горивни ќелии и моќни светилки.

Електричниот модел на авиони официјално е присутен од 70-тите години на минатиот век, иако постои еден непотврден извештај за лет на ваков модел уште во 1957 година. Оттогаш се развиле во беспилотни летала што во дваесет и првиот век нашироко се користени за многу цели, особено за воени цели (извидувачки и извршување на борбени дејствија). Првиот лет со слободен лет на електричен авион со посада бил направен во 1973 година. Повеќето авиони со елек­тричен погон управувани од човечки екипаж, денес се само експериментални. Меѓу 2015 и 2016 година, авионот од наречен Соларен импулс 2 управуван од само еден пилот, успеа да ја обиколи Земјината топка. Ова претставуваше спектакуларен успех и поттик за понатамошен развој на примена на електромоторите во воздухопловството.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.