При изведба на некој засилувач на моќност, или некој друг склоп, каде што се јавуваат големи дисипации на полупроводничките елементи, покрај стандардното ладење со алуминиумски ладилник, има потреба и од дополнително ладење со вентилатор. Во овие споеви непожелно е вентилаторот да работи постојано, бидејќи со самата негова работа го исполнува склопот со прашина од надворешноста.