Напредокот на компјутерската технологија овозможи раѓање на сосема нови области, кои се во блиско сродство со компјутерите. Мултимедија е една сложена целина на компјутерска, аудио и видео техника. Во овој тест ќе бидат објаснети особеностите на мултимедија звучниците, под кои обично се подразбираат звучници наменети за персоналните компјутери или за конзолите за играње (Sega, Nintendo, Sony Playstation), иако можат да бидат користени и за синтисајзери или за преносни CD плеери.