Веројатно една од најнеблагодарните работи, кои некогаш сте ги правеле, а верувајте дека и во иднина ќе ги правите, е чистење на бојлерот од бигор. Во основа некако сте се снашле со малото бојлерче во кујната, но само еден поглед кон оној од купатилото кажува сè. Треба да го демонтирате, расклопите, исчистите, склопите и монтирате. Колку едноставно звучи тоа!?! Решението можете да го побарате во купување на електричен омекнувач на водата.