Емитер 4-6/2017.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
При развивањето на функционалната структура дури и вештиот конструктор може да се соочи со тоа како да се реши некој проблем. Во тие случаи обично помага знаењето и искуството, креативноста и смислата за конструирање, интуицијата итн. Методското конструирање и за овој проблем има свое специфично решение. Наместо да се бара и, случајно, да се налета на некое од можните решенија за кое никогаш не сме сигурни дали е оптимално, пропишани и разработени се методи со кои се поттикнува процесот на мислењето кон точно насочена цел, што доведува до зголемување на ефикасноста на работата на конструкторот.
Анализата на листата на побарувања овозможува конструкторот да се запознае со главните проблеми. Утврдените главни проблеми треба по логичен пат да се “разглобат” на парцијални проблеми, т.е. на парцијални задачи. Формулирањето на влезните и на излезните големини потребни за извршување на парцијалните задачи доведува до формулирање на парцијални функции. Секоја парцијална функција може да се реализира со повеќе елементарни функции. Поврзувањето на парцијалните функции во логична низа ја дава функционалната структура. Оваа функционална структура може да се менува со варирање на парцијалните и елементарните функции како и нивно различно поврзување. Од ова јасно произлегува можноста за создавање поголем број варијанти на решението на задачата, што, најпосле, е и одлика и предност на методскиот начин на конструирањето. За секоја парцијална функција мора да бидат најдени извршители во облик на елементарни функции или принципи за извршување на парцијалната функција. Вака добиените принципи на решението може да се комбинираат во концепциски (или проектни) варијанти, а секоја вака добиена варијанта мора да ја исполнува главната функција.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.