Емитер 4-6/2017.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
“Таурус 20” е едноставен QRP SSB трансивер за 20-метарскиот радиоаматерски опсег (14 MHz), со кој можат да се одржуваат радиоврски од дома, со стационарна антена, но исто така многу е погоден за мобилна работа, од излет, прошетка во парк, планина, плажа и слично. Потрошувачката на струја од акумулаторот е мала. Фреквенциското подрачје во 20-метарскиот радиоаматерски опсег е интересно поради тоа што со мала моќ и со релативно мала антена можат да се одржуваат радиоврски со цела Европа, а и подалеку. Монтажата и пуштањето во работа на овој уред не е сложена, па дури и радиоаматерите-почетници можат без поголеми проблеми да го реализираат.
“Таурус 20” е едноставен QRP SSB трансивер за 20-метарскиот радиоаматерски опсег (14 MHz), конструиран од полскиот радиоаматер Влоџимјерш Салва (Vlodzimierz Wlodek Salwa, SP5DDJ). Му се заблагодаруваме за дозволата да го објавиме неговиот трансивер во ЕМИ-ТЕР, веруваме на задоволство на сите радиоаматери во Македонија. Приемникот е дизајниран како хетеродински приемник со една конверзија за прием во рамките на SSB фреквенцискиот опсег во 20-метарскиот радиоаматерски банд: од 14,100 MHz до 14,350 MHz. Може лесно да се прошири на целиот 20-метарски опсег (14,000 до 14,350 MHz). Се користи меѓуфреквенција од 10MHz, со кварцен филтер составен од 4 кварцни кристали од по 10 MHz. Филтерот е доволно селективен и обезбедува удобен прием на SSB сигналите. Приемникот има повеќе од доволно чувствителност и селективност и едноставен систем за автоматска регулација на засилувањето со која се избегнува дисторзијата од јаките сигнали на локалните радиостаници.
Во предавателот на "Таурус” се користи посебен кварцен филтер и посебен генератор на носечки сигнал. Излезниот степен на предавателот е дизајниран со моќен транзистор кој треба да се монтира на мал ладилник. Излезната моќ е 3 до 4 W. “Срцето” на трансиверот е чипот MC3362P на “Моторола” кој се користи и во безжичните телефони и во VHF FM приемниците. Трансиверот користи два внатрешни миксера и два генератора на VF-сигнал, еден во приемникот и еден во предавателот. За нагодување на фреквенцијата на VFO-генераторот се користи потенциометар со кој го менуваме напонот на варикап диодите, чиј капацитет се менува со менувањето на напонот. VFO-генераторот е заеднички и за приемникот и за предавателот, а за таа цел се користи еден дел од чипот MC3362P. Правилно составен и нагоден трансивер овозможува комуникација со радиоаматерски станици од цела Европа со употреба на дипол-антена или DX-врски со употреба на насочена антена со засилување на сигналот од типот на Јаги или Квад антена. Трансиверот овозможува и работа на други радиоаматерски бандови со замена на калемите од приемникот и предавателот (и по некој кондензатор). За 80-метарскиот банд (3,7 MHz) со употреба на меѓуфреквенција од 8 MHz, VFO-генераторот не бара модификација. Трерот
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2017. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.