Омнибус

Massive Passive stereo tube EQ;
Intonator на TC Electronic;
Раѓање на легендата;
Високоефикасен батериски полнач;
AMD K-7 (Athlon);
Power Macintosh G4;
Електрониката на интернет;
Тоа е Sony;
Lundahl Mag AMP;
Sony TA-FB730R


Омнибус

Правила за натпреварот "HA-DX";
Книги;
Дипломи "WU - 100 Award";
"Slovenia diploma;
QSL - дизајн


Аудио и видеотехника

Пред нешто повеќе од дваесет години, во јуни 1979 година SONY го претстави сензационалниот преносен мал стерео касетофон, наречен Walkman, модел TPS-L2. Бидејќи ништо не се појавува случајно на планетава Земја, еве ја целата приказна за настанокот на Walkman -от.


Аудио и видеотехника

Човек се наоѓа во голема мака кога треба да избере пристапен по цена, но солиден по квалитет интегриран засилувач. На почетокот може да изгледа дека нема да има многу проблеми, но кога ќе се почне со сериозно бирање книгата се сведува на две букви. Бидејќи освен неколку lo-fi уреди од масовната далекуисточна продукција, по цена колку за 10-тина full price CD-а едвај може да се купи било што, а камо ли нешто што со своето име, традиција и над сè квалитетот влева доверба.


Аудио и видеотехника

Нашиот читател Герман Русев конструирал мали звучници наменети за поставување на ѕид, со идеја подоцна да им додаде subwoofer. Пред да започне со проектирањето, Герман го донесе кај мене бас/среднотонскиот звучник Simsonik SW 410 P за да му ги измерам Thiele-Small параметрите. Потоа Герман самостојно ја проектирал звучната кутија и свртницата со помош на компјутерскиот софтвер JBL Speakershop.


Електроника

Caller ID сервисот и можноста за декодирање на CID сигналот, односно употребата на соодветни уреди за тоа, многу често се тема на разговор. Денес на пазарот може да се сретнат разни уреди за декодирање на CID сигналот. Во овој број ќе опишеме уред кој може да ја декодира DTMF (Dual Tone Multy Frequency) CID сигнализацијата, со употреба на PC.


Електроника

Кога се следи состојбата и работата на електричната инсталација во возилото пожелно е да се следи и полнењето, односно празнењето на акумулаторот. Ова посебно важи за старите возила во кои најголемиот број блокади се премостени. На пазарот се нудат најразлични уреди кои возачот навремено го предупредуваат кога ќе заборави да исклучи некој одреден потрошувач, односно кога реглерот ќе се „заборави" и ќе започне неконтролирано да го полни акумулаторот.


Електроника

Акустички прекинувач е електронски склоп кој се користи за управување на најразлични уреди со помош на звук. Најкарактеристичен пример за неговата примена се касетофоните и диктафоните кои го снимаат звукот или разговорот само за време на неговото постоење, со што значително се штеди медиумот за снимање било тоа да е магнетна лента или мемориска картичка.


Електроника

Пред неколку месеци во редакцијата на списанието пристигнаа неколку писма со иста желба од читателите, да се објави проект за уред кој последователно ќе побудува одреден број на светилки. Ваквиот ефект се нарекува движечко светло како што е и насловот на овој проект. Во некои од писмата беа дадени неколку идеи кои се добри, но главно изведбата на таков уред е посложена од приложеното решение.


Електроника

Во ова продолжени ќе дадеме осврт на тиристорите, нивната градба и принцип на работа и параметрите кои тие ги поседуваат


Електроника

Со денешните операциски засилувачи може да дизајнираме електронски кола за разни примени доста едноставно. Пример е и овој разводник - засилувач за видео сигнал со пропусен опсег од 200MHz кој има три излези.


Електроника

Електронскиот уред кој е претставен во оваа апликација во суштина претставува индикатор за појава на мраз на патот. Со индикација на температурата на воздухот од +2°C до 0°C се врши анализа за евентуално појавување на мраз на патот, а со тоа се предупредува возачот за внимателно возење и прилагодување на брзината на таа делница од патот. Овој електронски уред е добар пример како електрониката може да се искористи за поголема безбедност во сообраќајот.


Електроника

Ова е конвертор кој на својот излез дава 4 битен бинарен приказ на напонската вредност од неговиот влез. Принципот на работа е заснован врз зависноста на излезните логички нивоа од влезните напонски новоа. Принципиелната шема во основа се состои од компаратори и отпорнички делители. На овој начин теоретски може да се добијат бесконечно многу бити. За секој бит треба да се додаде компаратор и неколку нови отпорници. На електричната шема која ви ја претставувам е дадена 4 битна верзија.


Електроника

Ова едноставно коло е доста корисно како индикатор на моќност кај PA-кутиите т.е. кај звучните кутии со поголема моќност наменети за озвучување на голем простор (PA = Public Adress).


Електротехника

И покрај тоа што изборот на трансформатори е голем, во аматерските работилници честопати се јавува потреба за изработка на некој нестандарден трансформатор. За тоа се потребни: стар трансформатор кој ќе се искористи за изработка на новиот, бормашина со регулација на бројот на вртежи за мотање на намотките, формули за пресметка на новиот трансформатор и малку снаодливост и добра воља. Во овој текст се дадени формулите за скратена приближна пресметка на трансформатори до 300W.


Екологија

"Преносниот" електрицитет стана дел од секојдневието. Батериите ги напојуваат многуте видови преносни електрични и електронски склопови, како што се телефони, компјутери, радиоапарати, компакт дискови (CD), магнетофони, бежични апарати, па дури и електрични возила. Но, при крајот на нивниот живот тие можат да ни се вратат и да не вознемират поради присуството на опасни, токсични материи од кои се изградени.


Уводник

Еве нè на почетокот на 2000-тата година. За повеќето луѓе прва година од третиот милениум, иако, барем според математичките правила, таа сè уште припаѓа на вториот. Како и да е, оваа година го означува преминот помеѓу дваесетиот и дваесет и првиот век, помеѓу вториот и третиот милениум, па затоа нашите желби и очекувања се многу поголеми од вообичаено.


Писма
Размислувања и предлози за брошурите во издание на Eмитер
Гитарски предзасилувач и еквилајзер
Ознаки на транзисторите и бас-рефлекс цевки
Трансформатор за двоен извор на напон
Проблематични дисплеи