Омнибус

Новиот Лексус IS - прв Лексус со дизел мотор;
Мазда МХ-5 - трето издание на легендарната "Мијата";
Автоматско JPALS наведување и приземјување;
Дали треба да му веруваме на интернетот?
VoIP ја загрозува иднината на телефонската индустрија;
Смарт -1 ги испрати првите фотографии;
Кога животот беше пекол;
IE 7 ќе му конкурира на Firefox;
Нови податоци за Седна;
На сатурн има кислород, но не и живот;
Молњите на Сатурн;


Омнибус

Скопскиот саем ги збогати своите содржини со повеќе засебни манифестации, па така од први до петти март се одржа вториот Меѓународен саем за градежништво и третиот Меѓународен саем за енергетика. Прочитајте што беше актуелно на овој саем.


Автомобилска техника

H2R е прототип на спортски автомобил на водороден погон со кој БМВ постави девет светски рекорди и со тоа покажа дека е светски лидер кога станува збор за овој вид на погонско гориво.


Аеронаутика

Збирот од полезни оперативни карактеристики, со кои доминира универзално посакуваната пристапност во диверзитетни метеоролошки услови и геоморфолошки конфигурации, го инаугурира овој воздухоплов во незаобиколна летачка платформа во рамките на современите услови на живеење.


Астрономија и астронаутика

Европа е втората во редот од четирите големи Јупитерови месечини, наречени Галилееви сателити. Поради нејзиниот различен изглед, уште од откривањето во 1610 год., таа предизвикува големо внимание кај астрономите и научниците од целиот свет. Првите фотографии кои ги направи мисијата Војаџер, покажаа дека Европа е единствена поради нејзината мазна површина која и дава блескав портокалов сјај, што ја прави да биде еден од најсјајните сателити во Сончевиот систем.


Астрономија и астронаутика

Овој месец ќе има дури две затемнувања - и на Сонцето и на Месечината, но, за жал, и двете нема да може да се набљудуваат од нашите простори. Затемнувањето на Сонцето Ќе биде хибридно и ќе се случи на 8 април, кога Централна Америка ќе ужива во тотално затемнување, а јужниот дел на Северна и северозападниот дел на Јужна Америка Ќе можат да видат само делумно затемнување.


Аудио и видеотехника

По подого време, еве проект за самоградба на мониторски звучник од врвна класа, за релативно малку пари. Мојата скромност не ми дава да се расфрлам со суперлативи за звукот на овој звучник, па затоа скромно ќе го кажам единствениот недостаток - нема баш длабоки басови. Но, оние кои веќе имаат сабвуфер ќе ја имаат таа среќа комплетно да нурнат во музичката шир.


Аудио и видеотехника

За љубовта нема пречки. Кај Дејан Ангелевски, сопственик на аудиостудиото "Кларион", тоа е уште поизразено. Жарта со која од него зрачи љубовта кон избраната животна преокупација едноставно блика, го опсипува соговорникот. Задоволството што произлегува од сознанието дека се наоѓа во извонредно добро акустички обработено студио, опкружен со мноштво техника која сам ја одбирал и купувал, се забележува од природноста на реакциите во текот на разговорот.


Аудио и видеотехника

Сé до неодамна требаше да се имаат 5 различни уреди, кои меѓусебно требаше да бидат поврзани за да се овозможи вкупната функција што сега се наоѓа само во едно дигитално студио YAMAHA 01X.


Аудио и видеотехника

Времето на старите CRT-монитори полека изминува. Кој ќе го заземе нивното место, кое неприкосновено го држеа речиси еден век, останува да видиме. LCD-TFT дисплеите и PDP се најсериозните кандидати во оваа трка, но се појавуваат и други "играчи" кои се спремни да се натпреваруваат на пазарот.


Електроника

За сметка на зголемената сложеност на употребените елементи, денеска се изработуваат евтини извори за напојување со голема излезна моќност и висок коефициент на полезно дејство. Таков е и flyback конверторот што ви го нудиме во овој проект.


Електроника

Со февруарскиот број на ЕМИТЕР заврши серијата "Сервисирање на ТВ-приемници". Но, како што ветивме тогаш, написи за сервисирање на ТВ-приемници ќе има често во ЕМИТЕР и понатаму. Во овој број пред вас е напојувачкиот степен на ТВ-приемникот NOKIA од понова генерација.


Електроника

Во комбинација со дигитален мултиметар овој едноставен адаптер ја зголемува точноста на мерењето кога се мерат отпори помали од 10 оми.


Електроника

На многу места мрежниот напон содржи "загадувања" во форма на високонапонски импулси кои често пречат во работата на некои електронски уреди. Колото кое го нудиме ќе ви помогне да откриете дали мрежниот напон кај вас е "чист" или, пак, е "загаден" со високонапонски импулси.


Електроника

Кај сериски поврзаните NiCd батерии често се случува една од ќелиите да се празни побрзо од другите и со тоа да предизвика предвремено "ослабување" на целата низа. Овој проблем може да се реши со помош на шотки диоди.


Електроника

Ограничувачот на дисипирана енергија, односно топлина е замислен како додаток на постоечки регулиран извор на еднонасочен напон, со цел да се редуцира ексцесивното емитирање на топлина од вградените компоненти во регулаторот: трансформатор, насочувачки диоди и серискиот транзистор за регулација.


Информатика

АјМек (iMac) G5 е наследник на неповторливата "столна ламба", односно второто издание на АјМек, и со него Епл (Apple) го ревитализира концептот "сé во едно" - целиот компјутер, односно сите негови хардверски компоненти се сместени во елегантното алуминиумско куќиште на 17 или 20-инчниот екран.


Информатика

Замислете ваква ситуација: Се вклучувате на Интернет и сакате набрзина да ѕирнете нешто, меѓутоа на екранот ви излегува некоја "здодевна" порака која ви јавува грешка. И така додека вие ја "размислувате" грешката, импулсите на телефонската сметка постепено со зголемуваат, а вашиот џеб сé повеќе се празни и тоа за џабе. Затоа ако веќе фрламе пари по Интернет, тогаш барем сурфањето нека ни биде задоволство, а не измачување.


Информатика

"Актот на креирање на Kylix, преку портирање на Delphi за Линукс, е главниот а воедно и најголемиот настан во програмерскиот свет, но повеќе од веројатно е дека ќе стане многу важен настан и во историјата на Линуксот" - John Kaster, Kylix Developer’s Guide.


Информатика

Microsoft Access претставува моќна алатка за складирање и обработка на разни видови на податоци. Access-от е дел од Microsoft Office. Неговата најголема примена е во малите и средните претпријатија, каде што се работи со релативно помал број на податоци. Но, Microsoft Access-от нормално може да се примени и за поголем број на податоци.


Информатика

За решавање на проблемите со подигнувањето (стартувањето) на оперативниот систем Windows 98 користевме специјално креирана бутабилна дискета или бутабилно CD. Во оперативните системи Windows 2000 и Windows XP, постои опција дополнително да се инсталира конзола за поправки и враќање на функционалноста на оперативниот систем (Windows Recovery Console) на која може да и се пристапи пред да започне подигнувањето на оперативниот систем.


Медицина

Под магнетотерапија се подразбира примена на константно и променливо магнетно поле со ниска фреквенција во тераписки цели. Магнетотерапијата се користи при лекување на скршени коски, повреди на зглобови, лигаменти и мускули, реума, неврит и други болести.


Телекомуникации

На почетокот на месец март, на новинарите им беше претставена новата линија на мобилни телефони, производи на ГСМ гигантот Сони-Ериксон (Sony-Ericsson). Со нив јапонско-Шведската корпорација ја надополнува својата палета со квалитетни модели во повеќе категории. Во овој број ќе ви претставиме два телефона од новата линија на Сони-Ериксон.


Фототехника

Ерата на класичните фотоапарати сé уште не е завршена, но новите генерации на дигитални уреди сериозно го нарушија приматот што класиката досега го имаше во поглед на квалитетот на фотографии. Уште една потврда за ова е и светскиот тренд на зголемена побарувачка на дигитални апарати кои последниве години се продаваат подобро од класичните.


Архитектура и градежништво

Ласерската либела и детектор LZR2 е исклучително корисна помошна алатка која служи за лесно и ефикасно одредување на хоризонталата и детектирање на метални и електрични инсталации.


Рецензии

Во книгата "НЕ на еволуцијата, ДА на Библијата", авторот проф. д-р Иван Грозданов ја ставил науката на обвинителна клупа за "пропагирање на лажна теорија за еволуцијата со лажни и фалсификувани аргументи"! Ние ја објаснивме самата теорија на еволуцијата со непобитни научни аргументи во ЕМИТЕР бр.


Автомобилска техника

Во последново, четврто продолжение од написите посветени на самоградба на картингот ТоГи 1 Ќе се задржиме на два склопови. Првиот е склопот кој се однесува на поставувањето на моторот и е наречен Носач на моторот, а вториот е склопот со кој се претставени педалите од картингот и е наречен едноставно Педали.


Писма
Брум во засилувачот со ТДА 7295
Проблеми со 70W автомобилски засилувач
Засилувач од 150W