Рубрика: Автомобилска техника
Збор-два за трансмисијата
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1-2/2015.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Зошто потребата од трансмисија кај автомобилите (и речиси кај сите машини со сопствен погон) е темата на овој напис? Ќе се обидам да ја расветлам оваа алка од погонскиот систем кај автомобилите. Заклучоците се универзални и се однесуваат секаде во машинството кај што се користи погон од мотор, а машината извршува некоја корисна улога како што автомобилот врши превоз, а машината совладува некои корисни технолошки отпори.

Погонските мотори си имаат погонски карактеристики коишто по облик и големина зависат од принципот на генерирање на моќноста. Погонските карактеристики се во разни облици и интензитети, и на нив не можеме да влијаеме. Од друга страна, кај машините на пример, технолошките отпори си имаат свој облик и интензитет и на нив, исто така, не можеме да влијаеме. И кај едните и кај другите се работи за природни закони врз кои мора да се прилагодиме. Од трета страна пак, во општ случај, овие две карактеристики (погонските и технолошките) секогаш се различни и не се совпаѓаат и директното спрегнување на погонот со извршниот механизам на машината не е можно. Резултат: машината не работи, т.е. не може правилно да функционира. Излез: се поставува преносник помеѓу погонот и извршниот механизам на машината чија задача е да ја трансформира погонската карактеристика по облик (со степенест преносник или варијатор) и/или по интензитет (со единечен преносен однос) во т.н. технолошка карактеристика на извршниот механизам од машината за таа да може нормално да функционира. Истото се случува и со трансмисијата кај автомобилите.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-2/2015. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.