Рубрика: Металство и машинство
Конструирање за почетници (2)
Автор: Владимир Андоновиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Потребата од конструирање се јавува во почетокот на индустриската револуција. За тогашните конструктори важна улога имале традицијата, талентот на конструкторот и неговата инспирација. Меѓутоа, како талентот така и инспирацијата се индивидуални особини и зависат од човек до човек, па така, постигнувањето значајни нови технички решенија кои значително би се разликувале од претходните, сè повеќе станувале зависно од “поволното расположение” на конструкторот и од среќата добра идеја да му “падне на ум” токму во вистинскиот момент. Се разбира, ваков концепт на создавање нови производи и развиток во современата индустрија не може да се толерира. Се бараат можности до нови решенија да се дојде со примена на определени постапки и методи кои може да се научат како и секоја друга наука. Со сета острина се постави барањето за создавање наука за конструирање.

Можеби во ниедна фаза од производствениот процес толку долго не се одржуваше истата физиономија како што е случајот со конструирањето. Конструкторите знаењата ги стекнуваа со искуство, со запознавање со изведените конструктивни решенија, со следење на производите во експлоатацијата, со проучување и запознавање со теоретските научни и стручни дисциплини. Младиот конструктор учеше од постарите колеги, угледувајќи се на нивните методи на работа. На тој начин новата конструкција во низата случаи личеше на претходната, со определени измени и усовршувања. Следниот конструктор го продолжува овој процес воведувајѓи понатамошни измени. Од серија до серија, од производител до производител, сите заедно се еден голем итеративен (повторлив) процес на доближување кон оптималното решение. Овој модел на конструирање заснован врз инспирацијата, традицијата и талентот (ИТТ модел) не можеше долго време да ги задоволува нараснатите потреби од нови и поквалитетни произ-води. Природно, се постави барање за систематизација на дотогашните искуства и научно обработување на процесот на настанување на која било конструкција, пронаоѓање и развивање насоки, постапки, методи и операции со кои се опишуваат активности што конструкторот мора да ги научи и да ги спроведува при конструирањето. Звучи неочекувано, но теоретските основи на современата наука за конструирањето се наоѓаат во теоријата на системите. Се покажува како многу корисно процесот на конструирање и техничкиот производ да се претстават и да се анализираат како систем, со цел да се откријат нивните внатрешни законитости, како: структурата, врските, функцијата, односот со околината и сл. На овој начин конструкторот е принуден да размислува апстрактно, а не да се врзува, веднаш, за конкретни решенија. Резултат на ваквиот начин на конструирање е новост и оптималност на конструкцијата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.