Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Алфанумерички LCD индикатор – дисплеј (2)
Автори: Наташа Божиновска, Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој дел ќе се запознаете со основната шема на приклучувањето на алфанумеричкиот индикатор, со неговите основни команди и со експерименталната шема, со којашто ќе изведуваме неколку вежби за негово активирање и програмирање со одреден број прекинувачи.

Со оглед на големиот број форми и големини, потребно е, пред сè, да се најдат податоците за индикаторот со кој ќе се прават експериментите, особено за напонот на напојувањето. Мала помош за барање на податоците може да претставува ознаката на индикаторот според која ќе се бараат податоците; • за дисплеј со големина 16x2, TLCM1621 или LM016L • за дисплеј со големина 20x1, TLCM2011 • за дисплеј со големина 20x2, LM032L • за дисплеј со големина 16x4, SMC1640A или LM041L • за дисплеј со големина 40x2, TLCM4021 или LM018L. Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.