Рубрика: Информатика
AMD Kaveri – потполно нов концепт!
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Поентата од купувањето на ATi полека излегува на виделина. AMD во Kaveri успеа да обедини повеќе различни платформи кои ги развиваше во последниве години, што во целина резултираше со конкурентен и ефикасен производ кој ќе се вградува во сите платформи – десктоп и лаптоп системи, различни вградливи уреди и сервери.

Премиерата на третата итерација на проектот Bulldozer на AMD, наречена Steamroller (парен валјак) мина во знакот на најновиот APU со назив Kaveri. Првиот Булдожер “заринка” поради преуранетоста на концептот, неговата неоптимизираност и високата потрошувачка (и уште по нешто). Втората итерација – Piledriver (Trinity/Richland) донесе оптимизирање на потрошувачката и нејзино сведување во разумни граници, но не и некои револуционерни промени во поглед на перформансите и архитектурата.
Конечно, со Kaveri AMD полека ја достигна целта која си ја постави и кон која стремеше уште од 2006 година, кога го купи легендарниот ATi. Иако уште тогаш стануваше јасно дека целта не е само да се поседува сопствен погон и развоен тим за графички картички, туку и дека развојот на процесорите ќе се одвива во поинаков правец, со Kaveri конечно излезе на виделина поентата од таа интеграција. Ефикасен производ со нов концепт, кој донесе завидни перформанси, ефикасност и оптимизирана потрошувачка, наменет за вградување во десктоп и лаптоп системи, вградливи уреди и во сервери. Како е тоа постигнато?

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.