Рубрика: Астрономија и астронаутика
Астрохемија: молекулите и реакциите на вселената
Автор: Александар Кондински
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Едно од вечните прашања е: "Дали сме сами во универзумот?". Во овој текст, погледот ќе го насочиме кон едно друго поврзано прашање, а тоа е: "Дали нашите комплексни молекули на земјата се сами?". Најдобриот одговорот на ова прашање го добиваме од областа наречена астрохемија (анг. astrochemistry). Во текстот подолу ќе ви откриеме што се тоа молекуларни облаци, какви молекули се појавуваат во меѓуѕвездениот простор, за комплексноста на реакциите во молекуларните облаци и делумно за методите со кои се извршуваат истражувањата.

Секојдневно сме сведоци на илјадници реакции кои се одвиваат на земјата. Подготовката на храна, метаболитичките процеси во организмот, корозијата на материјалите итн., се само некои основни примери. Кога станува збор за хемиски и нуклеарни реакции кои се одвиваат надвор од Земјата, типични примери се формацијата на елементи преку нуклеарна фузија во ѕвездите и формирање на некои помали молекули (на пример: вода, амонијак, јаглероден диоксид итн.) на самите ѕвезди. Од друга страна, познато е дека хемиските реакции се одвиваат и на површината на некои небесни тела, како на пример комети, планети и природни сателити. Како што е дискутирано во некои претходни броеви на “Емитер”, динамичната хемија на површината и во атмосферата на одредени планети и природни сателити е интересна карактеристика која го привлекува вниманието на егзобиолозите.
Што е со останатиот дел од вселената?

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.