Рубрика: Фототехника
Sony Alpha 3000 - интересен микс!
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Земете тело од DSLR, ставете е-лежиште за објективот, мени од Sony NEX, малку намалете ги димензиите, исфрлете неколу делови, и ќе го добиете A3000. И тоа, за конкурентна цена! А како функционира овој симпатичен микс, ќе дознаете од текстот што следи.

Да не располагавме со одредени информации за Sony Alpha A3000, при првиот контакт со него ќе бевме уверени дека е во прашање само добро "набилдан" bridge модел. Највеќе поради компактните димензии и, да бидеме искрени – цената.
Тоа што A3000 ја оддалечува од bridge-категоријата е пред сè изменливиот објектив, како и сензорот, кој го сретнуваме и во моделите на Sony од повисоките категории. Истовремено, елиминирани се одредени додатоци и функции, сè со цел да се направи доволно голема разлика, како со моделите од повисоките категории, така и со bridge-моделите, истовремено задржувајќи ја цената во примамливи рамки. Ова значи дека пред нас е модел од почетната, влезна (entry-level) категорија на DSLR моделите. Или, со други зборови – најевтината влезница во DSLR светот.
Ваквиот пристап не е непознат, но во Sony може да се пофалат дека се првиот производител кој успеал да постигне толку ниска цена за апарат кој е осетно помоќен од класичните bridge-модели. Навистина, со цена од 20 999 денари е одвај малку поскап од… па ајде, да ги почестиме со таква титула – "врвните" ☺bridge-модели, но истовремено е и поевтин од моделите NIKON D3100 и "бунтовниците" на CANON (Rebel моделите), кон кои е цели. И да не заборавиме да напоменеме, апаратот се добива во комплет со стандарден објектив 18-55mm (f3.5/5.6).

Клучни зборови:

Вистински DSLR… барем на првиот поглед…

Поглед на задната страна и менито позајмено од NEX моделите

Дневна снимка направена со Sony Alpha 3000 (ISO 100, f/4.5, exp. time 1/400 sec)

Ноќна снимка направена со Sony Alpha 3000 (ISO 800, f/3.5, exp. time 1/40 s)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.