Рубрика: Архитектура и градежништво
Македонски правилник за енергетски карактеристики на згради (2)
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Потрошувачката на енергија за греење на една зграда зависи од повеќе фактори. Покрај топлинско-изолациските карактеристики на градежните конструкции, геометријата на зградата во голема мера влијае врз крајните енергетски својства на зградата. Компактноста на зградата (фактор на формата) во Правилникот го зема предвид и овој факт на начин што за поедноставни форми на зградите (помали вредности f0) максимално дозволените вредности на средниот коефициент на топлински загуби (H’T) се поголеми од оние за згради со поголема "разиграност" (поголеми вредности f0). Со земање предвид на режимот за употреба и климатските услови на локацијата на зградата, се пресметува, на годишно ниво, потребната енергија за греење на секој квадратен метар корисна површина, изразена во kWh/m2a. Ова количество топлина ја дефинира класата во која, според Правилникот, зградата треба да биде класифицирана и да добие енергетски пасош.

Во септемврискиот број на ЕМИТЕР, во првиот дел од написот за првиот македонски Правилник за енергетски карактеристики на згради, го разгледавме исполнувањето на првиот критериум за задоволување на барањата од Правилникот, кои се однесуваат на изолациските карактеристики на сите градежни конструкции во една зграда и констатиравме дека тоа тоа не е сè.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.