Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


4-Д печатење и создавање;
Испитани фотони без да бидат уништени;
Ultra HD видео во мобилните уреди;
Науката низ бројки;
Мемориска картичка од 256 GB;
Смртоносно езеро ги претвора птиците во статуи;
Европското потекло на кучињата;
Carbyne - Graphene 2:1;
Таблетите со 64-битен Андроид!?;
Зелен полжав = Животно + билка;
Експлозија на ѕвезда му претходела на раѓањето на сончевиот систем?;
Први информации за Intel Cherry Trail (Atom);
VideoMic GO – топ-микрофон за на камера од фирмата RØDE;
Брзината на темната материја;
G.Skill AEGIS DDR3 меморија;
Новите брембо стеги за сопирачки;
Cambridge Audio Minx Xi

Испитани фотони без да бидат уништени
Еден од камен-темелниците на квантната теорија е принципот дека не може да се измери некоја карактеристика на еден објект без притоа да на се влијае врз самиот објект. Всушност, детекцијата на самото постоење на фотонска честичка досега обично значеше и нејзино уништување. Физичарите, сепак, сега смислија начин како да детектираат фотони на видливата светлина без притоа да ги уништат. Да, претходно тоа беше направено со микробранови фотони, но сега за прв пат на ваков начин се детектирани фотони во дел од спектарот којшто би бил важен за иднината на квантниот интернет.
Конвенционалниот начин за детекција на една светлинска честичка подразбира "фаќање" со сензор, при што се апсорбира нејзината енергија, но истовремено се уништува честичката. Во последниве години физичарите развија методи за извлекување на дел од информациите на честичката во нејзината квантна состојба, како на пример, поголемата веројатност таа да се наоѓа на едно место отколку на друго. Овој збир на методи се познати како слабо мерење. Но, со нивна употреба се намалува количината информации којашто ја носи квантната состојба.
– Новата техника наместо да го дефинира, покажува дали фотонот воопшто е тука, при што остава да остане непроменета поголема количина од квантните информации, – вели коавторот на трудот, Штефан Ритер, физичар од Макс Планк Институтот за квантна оптика во Гаршинг, Германија. Истражувачите ја набљудуваат трагата од фотонот што го пропуштаат, без притоа да ги отчитаат информациите од неговата внатрешност.
Овој метод би можел да биде корисен за примена во квантните мрежи, кои ветуваат пренос на податоци со непробојно шифрирање, но истовремено имаат потреба од ненарушување на деликатната квантна состојба при преносот. Квантните мрежи ги шифрираат информациите во квантни битови или кјубити, кои можат истовремено да се наоѓаат во повеќе состојби – нешто како да имаат можност истовремено да живеат повеќе одделни истории во неколку паралелни универзуми. На овој начин, за разлика од битовите информации кај конвенционалните компјутери, кјубитовите може да бидат во суперпозиција истовремено и на '0' и на '1'. Но, секоја пречка при преносот ќе го присили кјубитот да избере една од двете состојби, при што ќе се уништат голем дел од информациите.
Но, како што замерува Жил Ног, физичар од Институтот Нел во Гренобл, Франција, за да може да се смета на каква било квантна примена на уредот и начинот којшто го користеле Ритер и тимот, тој треба да биде во можност да работи со фотони во суперпозициска состојба, нешто што тимот на Ритер допрва треба да го покаже. "Недеструктивните мерења се здодевни ако сè што правите е регистрирање 0 или 1. Но, тие стануваат фасцинантни веднаш штом ќе ги искористите за квантна суперпозиција на обете вредности", вели тој.
Н. Стојановска

Мемориска картичка од 256 GB
Ниту мемориските картички не се веќе наивни. Слатките мали парчиња пластика кои ни овозможуваат да ги зголемиме мемориските капацитети на нашите фотоапарати и мобилни уреди, во последно време сè посериозно им конкурираат и на хард дисковите. Со капацитет од 256 GB, успеаја да ги стигнат USB "стикчињата", како и SSD-дисковите. Не заостануваат ниту во поглед на брзината на впишување и читање, барем во споредба со "стикчињата".
Еден таков примерок претстави производителот Green House, чија SDXC UHS-I мемориска картичка од високобрзинската категорија (Class 10), има брзина на впишување до 50 MB/s и 78 MB/s брзина на читање, со што се овозможува беспрекорен и стабилен HD-видеозапис, покрај останатото. Искористена е MLC Nand Flash меморија.
Гаранцијата на картичката е 3 години, а тоа што може да ве одврати од купување е цената од околу 497 ам. дол. Па, ако повеќе ви се наоѓа хард диск наоколу...
Зоран Ивановски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.