Емитер 10/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дигиталните фотоапарати генерално се делат на аматерски и професионални. Помеѓу овие постојат и фотоапарати што премостуваат. Првите се компактни (Compact digital cameras), мали се и се наменети за масовна употреба каде што избраниот фотомомент е поважен од квалитетот на фотографијата. Големите апарати (DSLR - Digital single lens reflex cameras) се алатка во рацете на искусни фотографи и побаруваат поголемо знаење и искуство. Апаратите што премостуваат (Bridge cameras) имаат карактеристики на DSLR апаратите, но имаат фиксна леќа и мал сензор што ја формира дигиталната фотографија. Да видиме каде се наоѓа Fujifilm XM1.
Стивен Сизон (Steven Sasson) е виновникот што ги заборавивме аналогните фотоапарати и фотофилмовите. Тој во далечната 1975 го направи првиот дигитален фотоапарат. Отогаш, па до денес дигиталните фотоапарати брзо се развиваат и полесно стигнуваат во домовите на Земјаните. Нивните дигитално овековечени фотомоменти се наоѓаат по социјалните мрежи, мобилните телефони, личните таблети и компјутери. Масовноста на "фотографите" генерира потреба од различни фотоапарати со различни карактеристики и потребни вештини за ракување. Палетата на дигитални фотоапарати е огромна. Од обични компактни "идиоти" до големи професионални "ѕверови". Што ќе избереме за наша употреба, ќе зависи од цената, потребите и знаењето.
Каде да го сместиме Fujifilm XM1? Повеќе од "bridge" фотоапаратите, помалку од професионалните DSLR фотоапарати. Истото изразено преку вештините при фотографирањето би било: фотограф-аматер, кој повеќе не го задоволува квалитетот на малите фотоапарати, а не се осмелува да плати солидна цена за професионален апарат.
Последнава година повеќето производители обрнаа внимание токму на оваа целна група. Сакам да верувам дека причината за креирањето на оваа меѓукатегорија е тоа што луѓето научија доволно вештини за да посакаат нешто повеќе од фотомомент. Да посакаат квалитет.
Па, да видиме што донесува Fujifilm XM1.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.