Емитер 9/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во минатиот број, во написот Суви очи споменав дека една од почестите причини за појавата на овој синдром се компјутерите. Накратко, сконцентрирани на работата на компјутер ние забораваме да трепкаме, а тоа предизвикува појава на суви очи. Едно од решенијата е свесно трепкање кое, за жал, не може туку така да го научиме. Затоа, исто така во минатиот број споменав дека ќе направам, а воедно и ќе ја споделам со читателите на Емитер, апликација која ќе не потсетува дека е време да ги одмориме нашите очи. Токму во овој текст во детали е опишана изработката на таа апликација.
Апликацијата ја направив во програмскиот јазик C#, а кодот е воглавно лесен, што значи дека неа може да ја направат и не многу искусни програмери. Сепак, треба да се има предвид дека е потребно основно познавање од програмскиот јазик C#.
Пред да започнеме со изработка, потребен ни е софтвер: Microsoft Visual Studio, јас користев верзија 2010, што значи дека ако сакате да го искористите постоечкиот код, кој можете да го преземете на веб-страницата на списанието Емитер, исто така ќе треба да користите верзија 2010.
За жал, Microsoft солено наплаќа за овој софтвер, па не може секој да си го дозволи. Но, за среќа, постои ограничена бесплатна верзија која ни е и повеќе од доволна во овој случај. Па сепак, нашата апликација е многу едноставна, а и ќе биде за лична употреба.
Софтверот можеме да го преземеме на следнава веб-локација: http://go.microsoft.com/?linkid=9709939 (17/08/2013).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.