Рубрика: Информатика
Еdge со ново лого
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 07.11.2019 - 11:45

Веќе подолго време Microsoft работи на нов Edge прелистувачот кој ќе биде базиран на основа на Chrome. Во моментов плановите се прелистувачот да биде финализиран и лансиран на 15 јануари следната година.

Со објавувањето на release candidate верзијата, прелистувачот Еdge Chromium, Microsoft сака да ги демонстрира повеќето финални трудови кои би требало да се појават во официјалната стабилна верзија на овој пребарувач. Новата верзија, која е достапна за преземање преку веб сајтот Edge Insider, вклучува поддршка за синхронизација на шифри, историја и favorites, како и нагодувања за Windows, iOS и Android.  Исто така, интегрирана е нова заштита на следење на корисникот која се активира веднаш по инсталацијата. Тука се и некои нови функции наменети за бизнис корисниците, а Microsoft ја искористил приликата да го престави и новото лого и икона на Edge во облик на бран.

Новото лого преставува прва позначајна преправка на класичното “е” лого, коешто е карактеристика на браузерите од Microsoft повеќе од 20 години.

Клучни зборови:
Новото лого на Edge

Новото лого на Edge