Рубрика: Информатика
Заработка со вашиот паметен телефон
Автор: Александар Илиоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред 15-ина години полека започна ерата на мобилните телефони во Македонија. Тогаш тие имаа екранче со 2-3 реда во кои собираше по 10-тина знаци, можност за воспоставување телефонски повик, за испраќање СМС и воглавно тоа беше сè. Ретко кој во тоа време можел да претпостави дека тие уреди денеска ќе бидат заменети од т.н. паметни телефони. А и поради нивната цена, ретко кој тогаш можел да си ги дозволи. Но години подоцна, мобилните телефони станаа неопходен додаток во нашето секојдневие. И не останаа да бидат само мобилни телефони, туку многу повеќе од тоа, станаа паметни телефони, односно мини-компјутери. Денес, со нашите телефони речиси нема што не можеме да направиме. Можеме да сурфаме на интернет, да праќаме и да примаме електронски пораки, да играме игри, да користиме Facebook, Skype, да снимаме видеа, да фотографираме, да плаќаме сметки итн. Но што мислите за тоа, да заработуваме со помош на нашиот паметен телефон? Да, и тоа е можно. За да дознаете како, прочитајте го овој текст внимателно и докрај.

Заработката опишана во овој текст нема да нè направи богати, но е толку лесна и едноставна, што во поголемиот дел од времето можеме и да уживаме во неа. Да, да уживаме затоа што сè што треба да направиме за да заработуваме е да играме игри на нашиот телефон. А доколку сме и поупорни и издржливи, ќе ни донесе и некој од многубројните вредни подароци.
Сето ова е возможно благодарение на еден нов систем наречен Pocket Change. Pocket Change уште претставува електронска валута, односно електронски поени. Поените имаат вредност на центи. Еден Pocket Change поен е еднаков на еден цент, односно 100 поени прават 1 долар.

Клучни зборови:

Лого на електронската валута

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.