Емитер 7-8/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Паметните телефони во последните неколку години направија револуција во развојот на мобилните телефони. Има неколку оперативни системи кои се вградуваат на денешните паметни телефони, а еден од нив, кој е сè поприсутен на пазарот, е Андроид оперативниот систем. Можноста самите да направиме апликација која ќе ја користиме на нашиот андроид телефон, ја прави оваа платформа уште поатрактивна за користење. Токму поради тоа, се одлучив за напис кој ќе ги доближи до читателите основите на програмирањето за андроид.
За изборот на апликација се консултирав со уредникот на ова списание, г. Слободан Таневски. Притоа внимававме апликацијата да биде едноставна за изработка, со цел кодот да биде разбирлив и за помалку искусните програмери, но сепак самата апликација да биде корисна за сите читатели на списанието и за сите оние кои поседуваат паметен телефон. На крајот се одлучивме за калкулатор на отпорници. Апликацијата е крајно едностава за употреба и, како што самото име кажува, таа ни ја пресметува вредноста на некој отпорник означен со бои. Тоа го прави врз основа на боите на прстените од самиот отпорник кои корисникот треба да ги внесе како влезни параметри. Доволно за апликацијата и нејзината функционалност, да започнеме со нејзината изработка.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.