Рубрика: Физика
Дали брзината на светлината е физичка константа?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Брзината на светлината во вакуум е непроменлива константа во актуелната физика, меѓутоа во најново време во научната литература се појавиле размислувања според кои таа не е константа, туку дека флуктуира поради интеракција со виртуелните честички со кои, според квантната теорија, е исполнет вакуумот!

Во актуелните теории во физиката, брзината на светлината во вакуумот, вообичаено означена со "c", е универзална физичка константа, со износ 299 792 458 m/s, важна во многу области од физиката. Според Теоријата за релативитетот, "c" е максимална можна брзина со која патуваат сите честички без маса и нивните придружни полиња, вклучувајќи ја и електромагнетската радијација на светлината. Со таа брзина исто така патуваат и гравитациските бранови, предвидени од актуелните теории.

Во Теоријата за релативитетот "c" е непроменлива физичка константа, без оглед на тоа со која брзина се движи светлинскиот извор или наблудувачот, и меѓусебе ги поврзува просторот и времето во една неделива целина наречена "простор-време". Во фамозната формула на векот, E0 = m • c2, таа покажува еквивалент на масата со енергијата. Во најново време кај некои физичари-теоретичари се појави размислување дека брзината на светлината можеби не е физичка константа, туку е променлива големина.

Сомнежот произлезе од постулатите на квантната физика, според која вакуумот не е апсолутно празен простор, како што тоа вообичаено се смета, туку е "супа" од т.н. "виртуелни честички", кои перманентно се појавуваат во парови од честичка и античестичка и речиси веднаш се поништуваат со меѓусебно судрување. Во тој контекст, во месец март, оваа год., во научното списание European Physics Journal беа публикувани два реферати со обид да се утврди влијанието на квантните ефекти во вакумот врз брзината на светлината. Идејата во двата реферати е иста: флуктуација на брзината на светлината поради интеракција на светлинските фотони со виртуелните честички. Разликата меѓу двата реферати е само во различните механизми коишто ја предизвикуваат таа флуктуација. Па, да ги проследиме!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.