Рубрика: Металство и машинство
Изработка на водоводни системи (4)
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Еден од главните составни делови на секој водоводен систем е пумпна станица (хидрофор) и доколку се занимавате со водоводни системи, мошне доста често ќе се најдете во ситуација да сервисирате или, пак, да монтирате пумпна станица. Какви специфики, составни делови и принцип на работа има пумпната станица, ќе опфатиме во ова продолжение.

Многу често оној кој планира да се занимава со монтажа на водоводни системи ќе се најде во ситуација да изработи пумпна станица (хидрофор). Пумпните станици најчесто се применуваат во склоп на бунари за снабдување со вода на приватни куќи и во склоп на станбени згради, како пумпни станици за кревање на притисокот. И едните и другите имаат сличен принцип на работа и слични составни делови. Пумпната станица има неколку одделни секции кои засебно имаат своја функција, но сите заедно формираат целина која треба да функционира беспрекорно. Секции кои се составен дел од пумпната станица се: шмукачки цевковод, пумпа, потисен цевковод, резервоар за складирање, електрична инсталација, уреди за автоматизација, заштитно-сигурносни уреди.

Клучни зборови:

Петостепена надворешна пумпа

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.