Рубрика: Астрономија и астронаутика
Егзопланетски систем со 2 "водени" планети!
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Деновиве астрономите објавиле дека орбитерот "Кеплер" детектирал егзопланетски систем со 5 планети од кои 2 се со димензии многу блиски до димензиите на Земјата, а орбитираат во животната зона на нивната ѕвезда, па според тоа, тие треба да содржат течна вода на својата површина, наликувајќи на "водени" планети како и Земјата, но надвор од Сончевиот систем!

Орбиталниот телескоп "Кеплер", така наименуван според познатиот астроном Јохан Кеплер, дизајниран е да трага по егзопланети од типот "Земја" употребувајќи т.н. транзитна метода, базирана на периодично придушување на сјајот од некоја ѕвезда, предизвикано од планета кога таа поминува пред ѕвездата и блокира дел од нејзината светлина (ЕМИТЕР бр. 1/13: "До каде стаса потрагата по егзоаналогија на нашата Земја?"). На тој начин досега орбитерот Кеплер открил бројни егзопланети меѓу кои најатрактивни се: "Кеплер-69c" – егзопланета, која според димензиите и градбата е најблиска до аналогијата на нашата Земја, и егзопланетски систем околу бинарен ѕвезден состав, во кој едната егзопланета орбитира во "животната" зона околу бинарот (ЕМИТЕР бр. 11/12: "Егзопланета во животна зона околу бинарен систем"). Но, орбитерот Кеплер и натаму продолжува со атрактивни откритија, па така, во најново време тој детектирал егзопланетски систем од 5 планети околу една ѕвезда, меѓу кои дури две планети орбитираат во "животната" зона околу својата матична ѕвезда, а според димензиите се помали од досегашниот рекорд кој го држеше "Кеплер-69c", така приближувајќи се досега најблиску до аналогијата на Земјата.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.